fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СЈО го бара не е дел од Договорот од Пржино

-

„Сè што беше договорено меѓу четирите партии е вклучено во Законот за СЈО. Тоа што СЈО преку СДСМ го побара вчера, не е дел од договорот преку чија реализација земјава треба да излезе од сегашната криза во која СДСМ ја турна државата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Круна на тој договор се изборите на 11 декември, на кои граѓаните ќе одбираат меѓу просперитет и проекти, а од друга страна, политика на деструкција, манипулација и криза. Договорот меѓу партиите подразбираше и формирање на СЈО, кое ќе има рок од 18 месеци за да почне истраги за предметите за кои ќе има дури и најмал сомнеж. Партиите консултираа експерти и се договорија за сите детали, почнувајќи од буџетот, па сè до кадровското екипирање. ВМРО-ДПМНЕ се согласи на формирање на ваква паралелна институција затоа што знаевме дека вистината е на наша страна и дека ова време е доволно за во законска процедура да излезат на виделина сите манипулации на Заев“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, нема намера да го прикрива или поддржува непрофесионалното, незаконското и необјективното работење на СЈО.

„Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева избрка две обвинителки со образложение дека немала потреба од нив заради обемот на работа. Нема ништо разумно во тоа што Катица Јанева со месеци го чекаше Зоран Заев да ѝ ги предаде незаконските материјали. Во сиот период таа ниту еднаш не го обвини за попречување на работата на СЈО, а материјалите ги доби откако го ослободи од притвор Зоран Верушевски, чија сопруга за тоа му се заблагодари на Заев. Нема ништо разумно да одложувате едно рочиште за цел месец заради свадба или приватни обврски, а за вашата работа земате огромна плата од државата. Нема ништо разумно да настапите како политичар и да барате нешто од Собранието, а истовремено го прогласувате за нелегитимно и знаете дека вие не сте суд туку само странка во постапката која ќе треба да ги докажува своите сомнежи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...