fbpx

Вишиот суд одлучи дека нема да се случи Брексит без согласност од парламентот

-

Британскиот парламент ќе мора да даде согласност за тоа дали Британија смее да го почне процесот за напуштање на Европската Унија, одлучи британскиот виш суд.

Тоа значи дека владата не може сама да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор.
Судиите донесоа одлука Тереза Меј да нема можност да го активира членот 50 без претходна согласност на парламентот.

„Судот не ги прифати аргументите на владата“, стои во соопштението од судот.

Минатиот месец жалба до вишиот суд поднесоа активисти кои тврдат дека премиерката Тереза Меј и нејзините министри немаат овластување да го применат членот 50 од Лисабонскиот договор, кој ѝ овозможува на земја членка да ја напушти Европската Унија без експлицитна поддршка од националниот парламент.

Се очекува владина жалба на одлуката на судот.

Меј изјави дека до крајот на март следната година ќе го активира членот 50 и службено ќе го извести Брисел за намерата Велика Британија да ја напушти Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...