fbpx

Величковски: Српската заедница во Македонија има поголеми права во однос на македонската во Србија

-

Српската национална заедница во Македонија ужива поголеми права во однос на македонската во Србија, а една од причините е што Владата во Скопје сè уште не ги делегирала своите претставници во мешовита меѓувладина комисија за следење на имплементацијата, така што ова тело ниту се состанало, ниту пак можеме да се повикаме на „реципроцитет“ во согласност со овој битен стратешки документ.

Ова, во интервју за весникот на македонски јазик „Илинден“ од Тирана, го кажа Борче Величковски, претседател на македонската национална заедница во Србија.

Според Величковски, бројот на припадниците на македонската национална заедница во Србија, на последниот попис од 2011 година, изнесувал 22.755 лица. Меѓутоа оваа бројка, според сите други показатели, е далеку од точна. Според истражувања на меѓународни организации и институции, во Србија има помеѓу 100.000 и 150.000 Македонци. На пописот од 1991 година бројката изнесувала 45.407 припадници. Од 178 градови и општини во Србија, Македонци има во 174.

– Во 2004 година, формиран е Националниот совет на македонската заедница, со 33 здруженија. Формирани се Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, потоа Националниот aнсамбл за народни песни и ора „Тоше Проески“, се организираат и Денови на македонската култура во Белград, Нови Сад и во Ниш, а од 2011 година се изучува предметот македонски јазик со елементи на националната култура во согласност со српскиот закон за образование – вели Величковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...