fbpx

Утре ќе се знае дали ќе има судски процес за упадот во Собранието

-

Во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали ќе им се суди на обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година, во Собранието. Од Кривичниот суд информираат дека денеска била одржана седница за оценка на обвинителниот акт, а утре ќе биде позната одлуката.

Доколку обвинението добие позитивна оценка, тоа значи дека набрзо ќе се закаже и рочиште, по што обвинетите за тероризам ќе седнат на обвинителна клупа. Сепак Советот за оцена има право и да го врати обвинението на доработка, или да го отфрли.

За настаните на 27 април обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот поредок. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Обвинет е и екс директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Минатата недела во истражниот затвор во Шутка сами се пријавија и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски Кољо и Митре Питроповски. Потерница има и за Дејан Давидовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...