fbpx

Умерен годишен пораст на инвестициите во третиот квартал на 2015 година

-

Најголемиот дел од расположливите краткорочни показатели за инвестициската активност, упатуваат на умерен годишен пораст на инвестициите во третиот квартал на 2015 година, во услови на солиден пораст на кредитната активност кон корпоративниот сектор и на странските
директни инвестиции, како и продолжување на порастот на домашното производство на капитални
добра, увозот на производи за инвестиции и пораст на градежната активност, се вели во извештајот на Народна банка.

– Исто така, податоците за првите два месеци од третиот квартал упатуваат и на пораст на државните капитални инвестиции, наспроти нивниот пад во претходниот квартал. Единствен показател кај кој се забележуваат неповолни движења во текот на третиот квартал се резервите на готови производи коишто бележат пад – се вели во извештајот.

Номиналните податоци за надворешно-трговската размена заклучно со август 2015 година упатуваат на определено стеснување на трговскиот дефицит, што е во согласност со априлската проекција при повисок пораст кај извозот, наспроти порастот на увозот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...