fbpx

Турција: Приведени 35 приврзаници на свештеникот Ѓулен

-

Турската полиција привела 35 лица, вклучувајќи официјални претставници на администрацијата и припадниците на полицијата, во западната провинција Измир, во операција против приврзаниците на свештеникот Фетулах Ѓулен, кој е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Новинската агенција „Доган“ јави дека акцијата на полицијата, рано изутринава е спроведена во Измир, во рамките на операцијата против „паралелна структура“, како што се нарекуваат приврзаниците на Ѓулен во државната управа.
Приведените се под јуриздикција на државниот оддел за борба против организираниот криминал.

Турските власти на 27 октомври ја презеле управата во компании, вклучувајќи весници и телевизиски станици, кои се поврзани со Ѓулен.

Ердоган во 2013 година почна остра кампања против приврзаниците на Ѓулен, откако полицијата и обвинителите отворија истрага за корупција против него и неговите соработници. Обвинителството бара затворска казна од 34 години за исламскиот свештеник поради обид за соборување на Ердоган. Ѓулен ги отфрли ваквите обвиненија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...