This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Jun 19 8:23:06 2018 / +0000 GMT

Општините ќе може да апицираат за 5 милиони евра за подобрување на услугите




Општините ќе може да аплицираат со капитални проекти за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, информираше министерот за финансии, Драган Тевдовски  на отпочнувањето на градба на општинската зграда на Oпштина Арачиново.

Тој најави дека ќе биде објавен јавен оглас за 5 милиони евра заеми преку проектот и ги повика градоначалниците кои што имаат добар проект да аплицираат за средствата.Општинската зграда во Арачиново e финансирана со грант средства од ИПА во износ од 260.000 евра.

- Голема благодарност до Светската банка и Европската унија, кои финансиски го поддржуваат Проектот за подобрување на општинските услуги. Станува збор за вкупен фонд за заеми од 81,1 милиони евра од Светска банка и 20,6 милиони евра грант-средства од ЕУ преку ИПА-фондовите - рече министерот.

Проектот за подобрување на општински услуги е наменет за финансирање на капитални инфраструктурни проекти во општините. Тој поддржува проекти од типот на локална патна инфраструктура, изградба на детски градинки, зелени пазари, водоснабдување, енергетска ефикасност, комунални како и други општински услуги.

Досега се склучени 72 договори со 56 општини за заем преку проектот, додека за ИПА грантовите се склучени договори со сите 78 општини за 133 проекти.

Post date: 2018-06-11 15:34:01
Post date GMT: 2018-06-11 13:34:01
Post modified date: 2018-06-11 15:36:13
Post modified date GMT: 2018-06-11 13:36:13

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com