fbpx

Тетовските средношколци протестираа против загадувањето на воздухот

-

Група тетовски средношколци денеска го изразија незадоволството од состојбата со аерозагаувањето во градот со мирен протест на градскиот плоштад, од каде се упатија до Општина Тетово. Велат дека локалната власт не презема никакви мерки за подобрување на состојбата и ако продолжи така, ќе почнат со бојкот на наставата.

-Надлежните за седум дена да преземат конкретни мерки или ќе почнеме со бојкот на наставата. Градоначалничката не се појави, бидејќи не ја интересира нашето мислење. Протестот беше пријавен и најавен – истакна еден од средношколците.

Средношколците извикуваа „Чист возух“ и „Стоп на аерозагадувањето“, а беа присутни ученици од македонска настава од економското училиште и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

-Дел од директорите и професорите не им дозволија на учениците од другите средни училишта да учествуваат на протестот. Истото се случи и со соучениците од албанска настава. Имаме и информации дека и на дел од родителите им биле вршени притисоци, за нивните деца да не излезат на протест – изјавија среднишколците.

Во понеделникот протестираа и дел од основците во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...