fbpx

Тереза Меј нема долго да остане на власт, оцени Сорос

-

Американскиот милијардер и инвеститор, Џорџ Сорос, изјавил дека британската премиерка Тереза Меј нема долго да остане на сегашната функција.

Тој за „Блумберг њуз“, на вечерата приредена на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, рекол дека тешко може да се очекува Меј да остане на власт, имајќи ги предвид поделбите во незиниот кабинет.

Премиеркта на Велика Британија во вторникот ги претстави плановите за преговори за излез на земјата од ЕУ, а Сорос оцени дека процесот Брексит ќе биде долг и оти „горкиот развод“ ќе им наштети и на двете страни.

Сорос, исто така, е познат и по тоа што оствари голем профит во 1992 година, кога типувал против британската фунта, која тогаш падна под однапред утврденото ниво и морала да се повлече од Европскиот механизам за менувачки курс.

Тој исто така рекол дека лично е убеден оти новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да успее да ја спроведе политиката што ја најавил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...