fbpx
Таг: животна средина

таг: животна средина

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“. За потребите на ТВ емисијата со наслов „Кревките шуми“ наградените автори Александар Методијев и Сузана Мицева ги следат трагите на големи количини илегално исечени дрва, водени...

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно и со доцнење од...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се...

ФИТР и УСАИД почнуваат обука за млади за зелени работни места

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”. Предизвикот се спроведува во партнерство со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на...

Отровниот воздух убил повеќе од 500.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

Нечистиот воздух убил повеќе од половина милион луѓе во Европската Унија во 2021 година, покажуваат проценките што ги пренесува „Гардијан“. Околу половина од смртните случаи можело да се избегнат со намалување на загадувањето до границите препорачани од лекарите. За првпат, Европската агенција за животна средина го процени целосниот товар на болести што ги носи загадениот воздух. Истражувачите откриваат и колку...

ЕБОР одобри кредит од 9 милиони евра за инклузивност на младите и зелени финансирања

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од ЕУР 9 милиони наменет за ПроКредит Банка. ЕБОР одобри 2 милиони евра од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во земјава, а...

Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб,...

Кривична пријава за 23-годишна скопјанка за тргување со отпад

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднело кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад", соопшти МВР. Од полицијата известија дека при извршена контрола на 27 јули годинава од страна на полициски службеници и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат...

Емисиите на јаглерод диоксид не може да се решат само со пошумување

Не е точно дека во светот не се садат дрвја за да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но таа мерка не е единствената која е доволна. Не е точно ниту дека елити создаваат природни катастрофи со цел да го контролираат населението и потоа да нудат решенија со кои им се намалуваат слободите на граѓаните. Кога станува збор за...

Аврамоска Мадиќ: Екоцидот ќе се казнува со најмалку 10 години затвор

Зачестената присутност на еколошкиот криминал е глобален проблем кој мора да се решава на различни начини преку ефикасни правни механизми, рече денеска заменик-министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ на обуката „Ефективни практики за еколошка правда“, финансирана од ЕУ во рамките на проектот „Зелена претставка за еколошка правда“. Аврамоска Мадиќ се осврна на измените во Кривичниот законик поврзани со кривичните дела...

„Шорткат“ во Батинци: Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла

Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла утврди Државниот инспекторат за животна средина. Екипата на „Шорткат“ го посети селото Батинци, чии жители со години живеат близу депонијата, кои се пожалија на штетното влијание на загадувањето врз нивните животи. Повеќе за ова во новите вести за млади. Третираме уште една тема од животна средина, а тоа е скопското аерозагадување кое се...

Усвоени итни владини мерки за рехабилитација на природното и културно наследство на Охридскиот регион

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоци се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. Во владините заклучоци, се задолжува Министерство...

Депонијата „Дрисла“ може да ја казнат до 120.000 евра за загадувањето на Маркова Река

Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) објавија дека против депонијата „Дрисла“ ќе добие прекршочна санкција поради загадувањето на водите на Маркова Река. Ова е епилогот на вонредниот инспекциски надзор направен на 4 септември годинава на барање на здружението „Младите од Батинци“, коишто веќе протестираа пред скопската депонија. Од ДИЖС визуелно утврдиле дека има загадување на Маркова Река со темно-кафеава...

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека...

УНИЦЕФ: Над 5.800 деца и тинејџери од Европа и Централна Азија починале од загаден воздух

Над 5.800 деца и тинејџери во регионот на Европа и Централна Азија починале поради причини поврзани со загадениот воздух во текот на 2019 година. Според новата анализа на податоци што ја објави УНИЦЕФ, најголемиот број, односно, 85 проценти, починале пред својот прв роденден. Во Почетоци без здив: Алармантни ефекти од загадениот воздух врз децата во Европа и Централна Азија се...

Народна банка донела среднорочен план за управување со ризиците поврзани со климатските промени

Советот на Народната банка го усвоил првиот Среднорочен план за активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година. Според соопштението, овој план поставува сеопфатна, систематична и конзистентна рамка за активностите поврзани со управувањето со ризиците од климатските промени. „Климатските промени се важно прашање за централните банка поради ефектите на...

Направен уште еден чекор за гарантирање на правото на децата на здрава животна средина

Комитетот за правата на детето на Обединетите нации денеска експлицитно го потврди правото на децата на чиста, здрава и одржлива животна средина, издавајќи сеопфатно толкување на обврските на земјите-членки според Конвенцијата на ОН за правата на детето. Овој општ коментар треба да послужи како потсетник за да ги одржиме напорите за климатска акција, притоа разбирајќи дека оваа акција е од...

ЕБОР со кредит од 100 милиони евра за ЕСМ за зајакнување на енергетската безбедност

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија со кредит од 100 милиони евра одобрен на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската отпорност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од кредитот ќе се користат и...

Управување со отпад и со води – најтежок дел од билатералниот скрининг за животна средина

Клучни согледувања од билатералниот скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4 покажаа дека државата е на добар пат, дека во некои области е во напредна фаза, но во други е во почетна или е соочена со силни предизвици во понатамошно усогласување на националното законодавство со европското. Ова се вели во соопштението на...

Започна скринингот на Поглавјето 27, законите за животна средина европски, но без имплементација

Усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27, посветено на животната средина и климатските промени е во тек, но посебен предизвик е неговата имплементација, порача министерката за животна средина Каја Шукова од Брисел, каде денеска започна билатералниот скрининг за Поглавјето 27 што ќе траe до 7 Јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...