fbpx
Таг: тунел

таг: тунел

Падна договор: Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. „Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор...

Спасени сите индиски работници што 17 дена беа заробени во тунел

Сите 41 индиски работници се спасени од тунел во државата Утараханд откако беа заробени внатре 17 дена. Работниците се безбедни и закрепнуваат во болница, јави Би-би-си. Работниците останаа заробени во тунелот на 12 ноември, откако дел од него се урна поради лизгање на земјиштето. Тие беа ослободени вчеравечер во макотрпна спасувачка операција пред која се најдоа бројни пречки. Во драматични сцени...

[Видео] Осуммина затвореници од „Идризово“ копале тунел за бегство долг 40 метри

Група од најмалку осум осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом „Идризово“ подготвувале бегство од затворот со копање на тунел, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за осудени лица за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор. Во текот на денешниот ден МВР, Бирото за јавна безбедност, Одделот за сузбивање на...

Вистиномер: Не се гледа „светлина“ за ветениот тунел под Кале

„Вистиномер“ го анализираше изборното ветување на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за тунел со улица под Кале, односно „Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“, со мост над реката Вардар и со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот „Никола Карев“ и го оквалификува како неисполнето. Подолу го пренесуваме во целост текстот на „Вистиномер“: Ветување: Продолжување на бул. „Свети Климент Охридски“,...

Град Скопје наредната недела ќе го договара финансирањето на трамвајот со Владата

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска најави дека со Економскиот совет на Владата наредната недела ќе ја договараат изградбата на првата трамвајска линија во Скопје, како дел од новиот концепт за јавниот превоз во главниот град. Градските власти во текот на денешниот ден ќе ја достават информацијата за проектот трамвај во Скопје до Владата. - Во вторникот имав работен состанок со...

Заев – Борисов: Наредниов период решение за тунелот кај Ѓуешево на пругата од Коридорот 8

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов на денешната средба го разгледале степенот на реализација на проектите во рамките на Коридорот 8. Премиерот Зоран Заев нагласи дека нашата влада обезбедила 580 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, напоменувајќи дека во следниот период министрите за транспорт и врски треба да го изнајдат решението за...

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

video
Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е потребен јавен превоз што...

Мексико: Низ тунел од затвор побегнале 29 осуденици

На северот на Мексико, во државата Тамаулипас, од затвор побегнала група од 29 затвореници, низ тунел што сами го ископале. Затворениците убиле едно лице при кражба на автомобил во градот Сиудад Викторија. Портпарол на полицијата соопшти дека досега се фатени 12 од 29 затвореници и дека веќе се вратени во затвор. Тој додаде дека затворениците ископале тунел длабок околу 4,5 метри и долг...

Пренасочување на сообраќајот Битола-Демир Хисар-Кичево

На регионалниот пат Битола-Демир Хисар-Кичево од денеска до 17. овој месец се пренасочува сообраќајот. Пренасочување на сообраќајот е поради изведување градежни работи во близина на душевната болница, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија. Од АМСМ известуваат и дека во вторник од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија...

Половина од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид ќе завршат до крајот на годината

Пробиена е повеќе од 80 проценти трасата на автопатот Кичево - Охрид, а до крајот на годината се очекува дека ќе се заврши 50 проценти од оваа делница, информираше министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности. Станува збор за една од најголемите капитални инвестиции, која чини 374 милиони евра. - Во моментов се работи на пробивање на...

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел во светот именуван како „Готар“ кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со југот на земјата. Тунелот е долг 57 километри, изградбата чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а го граделе 2.400 работници. Со неговата изградба, патувањето од Цирих до Милано ќе трае два часа и...

Северна Кореја копа тунел за нуклеарни проби

Властите на Северна Кореја копаат нов тунел на место предвидено за нуклеарни тестирања, објавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на неименуван претставник. Пјонгјанг на 20 октомври најави дека се подготвува за уште една нуклеарна проба, напоменувајќи дека тестот не е опасен. Откако се повлече од спогодбата за нуклеарно оружје, ратификувана во 1985 година, Северна Кореја во 2003 година повторно им се...

Експлодирал камион во тунел во Јужна Кореја и се запалиле 11 возила

Камион кој превезувал разредувач, експлодирал во тунел на автопат во Јужна Кореја, по што возачот ја изгубил контролата и со возилото удрил во ѕид. Пламенот зафатил 11 возила, повредени се 21 лице, но никој не го изгубил животот. Несреќата се случила во тунелот Санџ, во близина на градот Чханвон, пренесуваат локалните медиуми. По ударот во ѕидот на тунелот, камионот се запалил, по...

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика Британија. Од друга страна, дел од мигрантите, пак, за „Би-Би-Си“ изјавиле дека се цврсто решени...

Цистерна со 16 тони бензин експлодираше во подводен тунел

Камион со цистерна со околу 16 тони литри бензин се преврте и експлодира во подводен тунел во близина на Бремангер во Норвешка. Пожарникарите моментно се обидуваат да поминат низ густиот чад и оган за да дојдат до возилото, но целата операција се одвива тешко. Овој инцидент се случил во тунелот Скате стараум, кој делумно поминува и под вода. Тој ги...

Норвешка ќе гради тунел за големи бродови

Норвешка планира на својот западен брег да изгради тунел за бродови долг 1,7 километар за да се избегне тешкото минување околу полуостровот Стад, наведува „Визит Норвеј“. Тунелот би бил висок 37 метри, што е доволна висина за низ него да минат големите крстосувачи и други патнички и товарни бродови. Лошите временски услови најчесто го отежнуваат минувањето на бродовите околу полуостровот, а проектот треба да...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...