fbpx
Таг: тетовско

таг: тетовско

Се договориле да отстрелаат дива свиња за пари, полицијата ги привела

Две лица од тетовско се лишени од слобода поради сомнение за извршен незаконит лов. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера попладне, 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од Фалише биле приведени под сомнение дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му  отстрелаат свиња и да му ја донесат на второосомничениот. Дивата свиња,...

Тинејџерка во Тетовско паднала од автобус и добила скршеница на черепот

Скршеница на черепот добила 17-годишна девојка од селото Боговиње вчера попладне, откако паднала од автобус во движење, соопшти СВР Тетово. Девојката била донесена вчера, во 15.20 часот, во Клиничката болница - Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Потоа поради тежината на повредите е пренесена во Ургентен центар во Скопје. Случајот во полиција го пријавил возачот на автобусот околу половина...

Додека мечката рика во Беловиште, мече шармира во рибен ресторан во Чегране

Дали над тетовското село Беловиште рика мечка што си го бара одземеното мече или, пак, се вртка околу локалитетот Петачко Водиче привлечена од кантите и од вреќите за ѓубре кои се полнат од бројните посетители на овој извор над селото и денеска останува енигма. Истовремено, „Мета“ пронајде едно мече, 40-тина километри подолу, во гостиварско Чегране, кое се чува како „атракција“...

Владата почнa постапка за разрешување на Зврлевски

Новата Влада на својата втора седница, што се одржа денеска, донела одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Одлуката за разрешување на Зврлевски, како што соопштија попладнево од Владата, била донесена поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, а предлогот, се додава во соопштението, ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители кој треба да...

Се излеа Поројска Река – поради невремето прекин во сообраќајот на патот Тетово – Јажинце

Силното невреме што денеска го погоди Тетовско, најголеми проблеми и штети предизвика во селото Порој. Наноси од камења и од кал го блокира селото. Од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово - Јажинце е во прекин кај селото Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска Река. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот се пренасочува. Портпаролот на СВР Тетово,...

Одржана итна седница на Комитетот за управување со кризи поради невремето во Тетовско

Состојбата по невремето во Тетовско, како и мерките што треба да бидат преземени за надминување на последиците, биле тема на денешната прва седница на Управувачкиот комитет за координација и за управување во системот за управување со кризи доцна попладнево. На седницата, со која претседавал раководителот на комитетот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, било заклучено Дирекцијата за заштита и спасување,...

Од силниот ветер падна покрив во тетовско Доброште

Покривна конструкција во должина од околу дваесетина метри од фирмата „Унибау“ во тетовското село Доброште, околу 1 часот по полноќ паднала и зафатила дел од локалниот пат во селото. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, информира дека покривната конструкција паднала поради силниот ветер што изминатата ноќ го зафатил Полошкиот Регион. – Екипи на полицијата веднаш го обезбедиле местото од падот на покривот...

Пречистителна станица за реката Вардар во Тетовско ќе се гради со помош од ЕУ

Кај село Фалише, Tетовско, наредната година ќе почне да се гради пречистителна станица за реката Вардар. Денеска во Општина Тетово, преставници од Министерството за животна средина презентираа дел од овој проект, кој ќе се реализира со помош од Европската Унија. - Проектот за отпадни води во Тетово опфаќа изградба на пречистителна станица за отпадни води за 95.000 жители и дополнително изградба...

Голем пожар синоќа беснееше над шарпланинското село Ѓермо

Голема шумска површина над шарпланинското село Ѓермо изгоре синоќа во пожар. Пламените јазици, според проценките на Територијална противпожарна единица Тетово, се протегале и до три километри во широчина. По избувнувањето на пожарот, едно противпожарно возило веднаш се упатило кон селото Ѓермо. - Ние пративме наша екипа во селото Ѓермо да ја следи состојбата. Целта ни беше да интервенираме и да...

ОБСЕ одобри помош од 20.000 евра за подрачјата погодени од поплавите

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер одобри донација од 20.000 евра од хуманитарнот фонд на Организацијата за итна помош на најпогодените подрачја од поплавите во Скопско и Тетовско. Помошта, потребните алати и материјали, се вели во соопштението од ОБСЕ, ќе бидат доставени преку Мисијата на организацијата во Скопје. Инаку, Мисијата на ОБСЕ во земјава веќе донираше генератори за струја, рачни...

МВР: Нема пријавено случај за спасени мајка и ќерка во населбата Сингелиќ

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека кај нив не е пријавен случај за наводно спасени мајка и ќерка, кои четири дена биле заглавени во кал во селото Сингелиќ. Оттаму велат дека Секторот за внатрешни работи Скопје контактирал со сите клиники, болници и Итната помош, но ниту кај една од нив не биле донесени вакви лица, ниту бил пријавен...

Вчера регистрирани над 60 пријави за поплавени куќи, ниви и возила

Вчера по барање на Единицата за информации и команда (ЕИК) на Секторот за внатрешни работи Скопје било извршено фотографирање на 69 моторни возила на подрачјето на Гази Баба кои биле оштетени во поплавите, инфомираат од МВР. „На 10.08.2016 година во Единица за информации и команда на подрачје на СВР Скопје регистрирани се над 60 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени...

Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука за прогласување на 8 август за Ден на жалост на Република Македонија, како и одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и во тетовскиот регион, кој најмногу беа погодени од невремето, соопштија доцна вечерва од Владата. На седницата донесена е и одлука за доделување на еднократна парична помош во висина од 300.000...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево закажа вонредна седница на која се очекува да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. На седницата Владата, исто така, треба да донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост за жртвите од невремето. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување...

Штетите од невремето што го зафати Тетовско сè уште не се санирани

Штетите од поплавите што го зафатија тетовскиот регион на 3 август минатата година, ќе се санираат парарелно со акцискиот план за превенција од нови поплави, изработен од домашни и од странски експерти. Според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, реализацијата на планот ќе зависи од финансиите што треба да ги одвојат Владата и меѓународните организации. - Се предвидуваат долгорочни и краткорочни мерки, како урбанизација на...

30 отсто од заболените од грип во Македонија се од Тетовско

Центарот за јавно здравје Тетово има регистрирано 376 лица заболени од сезонски грип или 30 отсто од вкупниот број заболени на територијата на целата земја. Лекарите велат дека аерозагадувањето многу придонесува за порастот на бројката на лица заболени од сезонски грип. Суспендираните честички од прав со големина до 10 микрометри се способни да навлезат во респираторниот систем и да го...

Верниците од ИВЗ донираа 90.000 евра за поплавените семејства во Тетовско

За време на изминатите две петочни молитви, во џамиите низ Македонија е собрана хуманитарна помош за настраданите од големото невреме, кое на 3 август го зафати тетовскиот регион. По повикот на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), помошта во парични средства ја донираа верниците, а во акцијата се вклучи и хуманитарната организација „Ел Хилал“ кој подели 600 пакети со...

Поплавата во Тетовско го уништи и рекреативното место Бањиче

Од големите наноси од камења и од земја што ги донесе реката Пена, по големото невреме кое го зафати Тетовско, настрада и рекреативното место Бањиче. Оштетени се угостителските објекти, уништен е патот, однесен е мостот, затрупани се и изворите со минерална лековита вода, од која граѓаните секојдневно полнеа и ја употребуваа за разни болести. Веќе не постојат ниту машката ниту...

Пронајдено телото на 61-годишниот жител на Лисец

Граѓани кои собирале старо железо попладнево го најдоа телото на 61-годишниот жител на селото Лисец, кој настрада за време на поплавите што завчера го зафатија Тетовско. Телото е пронајдено во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар, во местото Бродиште. Во моментов полицијата врши увид на местото.

Под урнатините во Тетовско сè уште се трага по двајца исчезнати

Македонската армија со кучиња-трагачи и мештаните од село Шипковица, сè уште го бараат телото на шестгодишната Дрита Амети, која загина во поплавите во Тетовско. Потрагата трае и по 61-годишниот жител од Лисец, кому по невремето му се губи секаква трага. Последен пат е забележан како го напасува својот добиток на една од ливадите над селото. Неговата внука е првата жртва што загина...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...