fbpx
Таг: тешкикражби

таг: тешкикражби

Извршиле седум кражби и предзвикале штета поголема од 76.000 евра

Двајца велешани се осомничени дека од февруари до август оваа година, извршиле вкупно седум кражби, во кои однеле плен чија вредност била проценета на околу 4,7 милиони денари, односно околу 76.000 евра. Како што информираат од МВР, Секторот за внатрешни работи Велес поднел кривични пријави против Е.В. (35) и Р.А. (43), кои се товарат дека заедно сториле четири тешки кражби...

Гостиварец осомничен за девет кражби во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот гостиварец О.А., кој се товари за пет тешки кражби и за четири кражби што ги извршил во текот на минатиот месец во Струга, соопшти полицијата. Осомничениот, според полицијата, кражбите ги вршел во куќи и во станови, на плажи на струшкото крајбрежје и од возило, одземајќи пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, облека и други...

Кумановец осомничен за серија кражби на накит и на возила

Триесет и деветгодишен кумановец е осомничен за серија тешки кражби и за четири кривични дела одземање моторно возило, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за С.М., кој во текот на јуни оваа година извршил три тешки кражби во куќи, од каде однел златен и сребрен накит, мобилни телефони и разни предмети. Кумановец, исто така, се товари дека украл...

Гостиварец осомничен за 18 тешки кражби во Охрид

Дваесетгодишен гостиварец е осомничен дека месецов извршил 18 тешки кражби во Охрид, информираат од полицијата. Според СВР Охрид, осомничениот О.А. кражбите ги извршил во куќи, станови и во деловни објекти во градот, а вредноста на пленот што го однел била проценета на околу 300.000 денари. Гостиварецот најчесто крадел пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, фотоапарати и парфеми. Според портпаролот на...

Скопјанец осомничен за серија тешки кражби

Триесетгодишен скопјанец е осомничен за серија тешки кражби што ги извршил во периодот од април до јули оваа година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, осомничениот кражбите ги вршел најчество врз жени, на возраст од 40 до 64 години, на кои насила од вратот им ги кинел златните синџирчиња. Тој, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил...

Прилепчанец и велешанец притворени поради серија разбојништва и кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица во Прилеп, поднела кривична пријава против велешанецот И.А.(18) и прилепчанецот И.И.(23), осомничени дека во изминатите два месеци извршиле шест разбојништва и тешки кражби. Според полициските информации, осомничените насилно, со туркање и со истргнување, од своите жртви што ги пресретнувале на прилепските улици, одземале златен и сребрен накит, чанти со пари, мобилни телефони и документи. Судија на...

Двајца скопјани осомничени за серија кражби

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривични пријави против Н.С. (21) и С.Д. (19), двајцата од Скопје, осомничени дека од јануари од март оваа година, извршиле серија кражби на подрачјата на општините Центар, Карпош и Чаир. Според полицијата, тие се товарат за три тешки кражби и за една кражба, во кои однеле плен од околу 200.000 денари. Судија на...

Петмина прилепчани осомничени за серија тешки кражби

Струмичката полиција поднела кривични пријави против петмина прилепчани, кои се товарат дека извршиле два обиди за тешка кражба и една тешка кражба во станови во Струмица и во Гевгелија, соопшти полицијата. Станува збор за А.Р. (20), М.Ј. (28), Ж.Б. (45), Г.Ј. (36) и за Н.Т. (27), на кои судија на претходна постапка им одредил мерка притвор од осум дена. Првоосомничениот, како што...

Двајца тетовци осомничени за 10 тешки кражби

Тетовската полиција поднела кривични пријави против Е.А. (21) и Р.Х. (25), осомничени дека изминатите неколку месеци извршиле вкупно 10 тешки кражби во градот, соопшти полцијата. Како што информираат оттаму, Е.А. се товари за осум, додека Р.Х. е осомничен за две тешки кражби. Дваесет и едногодишниот тетовец, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил во возила, паркирани на различни места во...

Двајца скопјани осомничени за тешки кражби, однеле плен вреден 500.000 денари

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против две момчиња на возраст од 25, односно 22 години, осомничени за две тешки кражби што ги извршиле во населбата Кисела Вода, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за Х.Е. (25), кому судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор, и за А.Г. (22), кому, пак, му е одредена мерка...

Петмина осомничени за серија тешки кражби

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против пет лица, осомничени дека во периодот од април минатата година до февруари годинава извршиле серија тешки кражби на територијата на Скопје, меѓу нив и кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар, соопшти МВР. Против петтемина осомничени е поднесена кривична пријава за тешка кражба, додека уште три лица полицијата ги...

Тројца осомничени за серија тешки кражби во Гостиварско

Двајца гостиварци и жител на селото Врбјане се осомничени дека изминатите два месеци извршиле седум тешки гражби на подрачјето на Гостивар, информираат од полицијата. Станува збор за гостиварците Ј.Р. (38) и В.Ј. (46) и за Р.Б. (22) од Врбјане, кои во саботата биле приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Според полицијата, тие се осомничени дека насилно провалувале...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...