fbpx
Таг: телевизии

таг: телевизии

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот...

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите кои егзистираат само од довербата и популарноста на...

Српските телевизии „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат програма

Српските телевизии „Н1″ и „Нова С” од полноќ не емитуваат редовни програми, а на екранот на црна заднина е испишана пораката „Мрак во Србија без слободни медиуми”. Сепак, нивните портали работат без прекин. Пораката е споделена и на профилите на овие телевизии на социјалните мрежи, но во веста која ја објави „Н1″ наведено е дека наскоро ќе бидат објавени дополнителни...

Руските режимски телевизии се погодени од бран оставки, и примабалерината Смирнова го напушти Бољшој и Русија

Кога Марина Овсијаникова упадна во студиото на вечерните вести во понеделникот, осудувајќи ја војната во Украина и пропагандата околу неа, руските власти ја испрашуваа 14 часа и ја казнија со 30.000 рубљи  280 долари, пренесе Би-Би-Си. Протестот на Овсијаникова, која има татко Украинец и мајка Русинка, го истакна тивкиот, но постојан прилив на оставки од строго контролираната руска државна телевизија. Украинскиот...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле најгледани телевизии на почетокот на годинава

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле трите телевизиски канали што биле најгледани од граѓаните во земјава, покажува истражувањето за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за првиот квартал од 2021 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Бројот на граѓани што гледаат телевизија во земјава останал висок и во првите три месеци...

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ лани биле најгледани телевизии во Македонија, „Антена 5“ најслушано радио

Националните телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледани од македонските граѓани во текот на 2020 година, покажува Годишниот извештај за 2020 година за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Добиените податоци за 2020 година се засноваат на анкетните испитувања направени на национално...

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да слушнат за активностите поврзани со...

Строгите ограничувања на медиумска концентрација спречуваат развој на медиумите

Промена на сите сегашни ограничувања за концентрација на медиумската сопственост, како и процена кои од ограничувањата треба да останат во актуелното медиумско опкружување со цел да се заштити медиумскиот плурализам во земјава. Ова е клучна препорака на двајца медиумски експерти, кои изминатиот период направија студија во врска со плурализмот на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување. Студијата е изработена за потребите...

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Македонското радио и Марјан Цветковски казнети со 2.000 евра за прекршување на изборниот молк

Основниот кривичен суд-Скопје ги прогласи Македонската радио-телевизија, односно првиот програмски сервис на Македонското радио и одговорното лице Марјан Цветковски за виновни за прекршување на изборниот молк. Судот им изрече прекршочни санкции - глоби за ЈРП МРТ МРА 1 во висина од 1.800 евра, како и 200 евра глоба за одговорното лице Марјан Цветковски, се наведува во објавениот Преглед на...

ААВМУ: Комерцијалните телевизии акцентот во известувањето за изборите го ставија врз коалициите Можеме и Обнова

Ниту една од комерцијалните телевизии не успеа целосно да го спроведе принципот за известување пропорционално на бројот на потврдени кандидатски листи и интензитетот на кампањата, за време на предвремените парламентарни избори. Ова е еден од клучните наоди во Извештајот за мониторингот над известувањето на комерцијалните телевизии во периодот од 24 јуни до 12 јули 2020 година, од страна на Агенцијата...

Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор

Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“ на Центарот за развој на медиуми. Ковид-19 го потисна од агендата прашањето за медиумски реформи, а исклучок од...

ОБСЕ/ОДИХР: Националните радиодифузери немаа темелно аналитичко известување за време на кампањата

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во однос на набљудувањето на националните радиодифузери за време на изборниот процес констатирале дека бројните дебати и ток-шоу емисии главно биле користени од учесниците како платформи за взаемни лични критики. Исто така, во прелиминарниот извештај се додава дека информативните емисии на сите национални радиодифузери кои ги следеше Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОДИХР, површно...

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни партиите ни медиумите нема...

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување, при што упати апел до медиумите за баланс при организирањето дебатни емисии. „Радиодифузерите, доколку одлучат да емитуваат дебати и други...

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, ААВМУ констатирала дека повеќе...

Владата со уредба им пропиша на операторите задолжително реемитување на телевизиските програми

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба. Заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени...

Кабелските оператори вчера времено ја исклучија програмата, телевизиите и МИОА со остра реакција

Кабелските оператори вчеравечер околу 18 часот ги исклучија сите телевизиски канали, со исклучок на јавниот сервис - МРТ, за период од околу еден час. Во знак на протест, тие го прекинаа реемитувањето на програмите и на црни екрани ги испишаа нивните барања за промена на владината уредба донесена на 29 мај, но и на измените во Законот за аудио...

СДСМ ја обвинува ААВМУ дека минутажата за политички реклами на БЕСА незаконски ја дава на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија СДСМ ја обвинува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) дека минутажата за платено политичко рекламирање што треба да ја добие Движењето БЕСА незаконски ја дало на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска тврди дека директорот на ААВМУ Зоран Трајчески не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумскиот простор за...

ААВМУ ја усвои методологијата за мониторинг на медиумското претставување за претстојните избори

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите. Усвоена е Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси, Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...