fbpx
Таг: струја

таг: струја

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега...

Бектеши: До крајот на април одлука за снабдувачот на домаќинствата со струја

До крајот на април треба да се донесе одлуката кој ќе биде новиот универзален снабдувач со струја (што ги опфаќа домаќинствата) и потоа одлуката ќе биде доставена до Владата, информираше министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за субвенциите за набавка на инвертер-климатизери. „За универзалниот снабдувач се добиени три понуди, постапката е во тек, комисијата...

Неплатени сметки вчера ја оставија библиотеката „Браќа Миладиновци“ без струја – трет пат за помалку од две години

Без струја вчера останала Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Причина за исклучувањето биле неплатени сметки за електрична енергија и за дистрибуција на истата. Исклучувањето на струјата во библиотеката, во рамки на која функционира и најпосетуваната читалница во главниот град, се случува среде испитна сесија на најголемиот универзитет, „Св. Кирил и Методиј“. Струјата во објектите на оваа јавна установа утрово повторно...

Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто. Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за...

Сопствениците на викендички и повеќе станови од 1 јануари со нова давачка

Од почетокот на следната година ќе се воведе нова потставка во месечните фактура за електрична енергија за пристап до мрежата, најави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Целта на оваа потставка е да се зголеми износот кој го плаќаат сопствениците на викендичките и куќите кои не се користат често во годината, а притоа да се намали месечната фактура за останатите...

Од 1 јануари цената на струјата да поскапи за 27%, бараат енергетските компании

Ако се прифатат барањата на енергетските компании, тогаш цената на струјата од 1 јануари ќе треба да се зголеми за 27 отсто. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги доби барањата за определување на нови тарифи на АД МЕПСО Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и МЕМО ДООЕЛ Скопје. Станува збор за три од пет елементи што ја сочинуваат крајната цена и...

Дневната евтина струја се враќа утре за околу 200.000 домаќинства, останатите ќе почекаат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски најави дека од утре од 13 до 15 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија. Сепак, тоа на почетокот ќе опфати околу 200.000 домаќинства, а останатите домаќинства ќе бидат опфатени со дневното евтино тарифирање во текот на декември, како што се ќе се врши...

РКЕ: Дневна евтина тарифа ќе има од 1 декември, во периодот од 13 до 15 часот

Дневната евтина тарифа започнува на 1 декември, и ќе трае секој ден во периодот од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Оттаму информираат дека го усвоиле тарифниот систем за продажба на електрична енергија со кој се воведува евтина тарифа. „Со воведување на дневната...

Програмерите најплатени, платите во снабдување со струја и гас и фармацевтската индустрија многу над просекот

Највисока просечна нетo плата исплатена во септември годинава била во одделот „Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесувала 92.568 денари, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа ја прави и целата просечна нето плата во Секторот „Информации и комуникации“, каде се наоѓаат програмерите, највисоката нето плата од сите сектори. Во секторот Преработувачка индустрија најдобро котира одделот Производство на...

Најголемата болница во Газа опколена од израелски војници и без струја

Среде трагедијата во болницата „Шифа“, на повиците од своите западни сојузници денеска Израел да стори повеќе за заштита на палестинските цивили, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не реагираше во позитивна насока. Израелските војници ја опколија најголемата болница во Газа, која е без струја, и според лекарите, досега пет пациенти починале, вклучувајќи и едно предвреме донесено на свет новороденче, бидејќи и последниот...

Израел продолжува со нападите во Газа, спасен првиот заложник

Израелската пешадија врши напади врз милитанти и инфраструктура на Хамас во северниот дел од Појасот Газа, додека воената авијација врши воздушни напади. Понесен од првото спасување на израелски заложник што беше држан од милитантното движење, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно ја отфрли идејата за примирје и вети дека ќе го уништи капацитетот на Хамас за владеење во Газа или...

РКЕ за 21 месец издала лиценци на 686 фотонапонски електроцентрали

Од јануари 2022 година заклучно со 30 септември годинава, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) издала лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 мегавати – капацитет што според Регулаторна е доволен за да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови во државата. Новите централи од обновливи извори што се...

Не е вистина дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за струја

Оваа објава на Фејсбук шири невистини дека на жителите на Слупчане им се простени долговите за електрична енергија и дека 10 години нема да плаќаат струја. Напротив, тие треба да си ги платат сите долгови и ќе плаќаат за електрична енергија онолку колку што ќе потрошат. Како што изјави за медиумите претседателот на Советот на Општина Липково, со ЕВН...

Сите институции во зградата на поранешна „Нова Македонија“ три дена дена немаат струја

Поради посериозен дефект во електричната мрежа, зградата на поранешна „Нова Македонија“ веќе три дена нема струја, потврди ЕВН. Во оваа зграда се сместени повеќе министерства, еден инспекторат, една комисија, една управа, како и неколку државни агенции. Од ЕВН велат дека тие се надлежни за мрежата до броилото, а во зградата имало „внатрешен дефект“ за што немаат надлежност, но сепак помагаат...

ЕСМ Продажба набави струја наменета за градинки, училишта, универзитети и болници

ЕСМ Продажба набави електрична енергија за период на испорака од 09 до 16 април, преку склучен индивидуален договор со ХСЕ „Мак Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, со договорена моќност од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,4 евра/MWh, соопшти претпријатието. „ЕСМ Продажба ја набавува оваа електрична енергија за да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со основни и...

По Грчец, и дел од Сарај остана без струја – ЕВН е на терен со полициска придружба

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај, информираа денеска од ЕВН. „По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец,...

Бектеши: Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот

На компаниите не им се ускратува ништо, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. „Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител...

Домаќинствата во јануари потрошиле 14 отсто помалку струја од лани

За 14 отсто домаќинствата ја намалиле вкупната потрошувачка на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците од Електродистрибуција со кои располага Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Според информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата минатиот месец изнесувала над 349 гигаватчасови, додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на струја - 408 гигаватчасови. Претседателот на РКЕВУ, Марко Бислимоски, вели дека...

Граѓаните да аплицираат до крајот на месецов: Зголемен опфат на домаќинства со ниски приходи за субвенции за струја

Повикот на Министерството за економија за субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи ќе трае до крајот на февруари. Со оваа мерка ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат. Министерството за економија соопшти дека за оваа мерка се обезбедени 60...

Бектеши: Од јули очекуваме да се намали цената на струјата

Од први јули не се очекува зголемување на цената на струјата, туку се очекува дополнително намалување, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг на новинарите заедно со директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски. Очекувањата дека ќе нема зголемување на цената на електричната енергија, според Бектеши, се базирани на анализите на Регулаторната комисија за енергетика и...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...