fbpx
Таг: сообраќај

таг: сообраќај

Северина и Каролина го парализираа Скопје

Речиси сите улици и булевари во централното градско подрачје од утрово се блокирани за сообраќај. Улиците во центарот веднаш по полноќ беа затворени за сообраќај без да има некакво известување, а ќе останат затворени до 12 часот в недела. Улиците Димитрија Чуповски и 11 Октомври се затворени поради поставување бина на улицата пред Собранието, за забавата по повод ребрендирањето на „Ти-мобајл“. Главни гости на...

Општина Тетово ќе реконструира улици, експертите тврдат дека тоа е редовно одржување

Реконструкција на три улици најави Општина Тетово. Градежните зафати ќе изнесуваат 47 милиони денари. Се работи за улиците Индустриска, каде ќе се обноват коловозот и тротоарот во должина од 500 метри. Ќе се реконструира улицата Иво Лола Рибар во должина од 300 метри. Реконструкција деновиве ќе почне и на улицата 172, која ги поврзува Мала и Голема Речица. - Општина Тетово,...

Му вперил пушка во автомобилот оти свирнал со сирената

Триесет и деветгодишен скопјанец вчера попладне во полиција пријавил дека непознато лице му се заканувало и му вперило пушка „пумпарица“ додека со возилото се обидувал да се вклучи во сообраќај. Како што информираат од полицијата, според пријавата, инцидентот се случил околу 16.45 часот на улицата Јани Лукровски во Скопје, кога М.Б. (39) сакајќи да се вклучи во сообраќај, дал знак со...

АМСМ: Скопската обиколница утре повторно отворена за сообраќај

Скопската обиколница, која од понеделникот беше затворена за сообраќај поради снимање филм, утре повторно ќе биде ставена во употреба, соопшти доцна попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). „Во името на продукциската куќа „Шик филмс“ (Chic films) и „Мануфактура продукција“, во согласност со временската прогноза со која се најавува дожд, ве известуваме дека обиколницата околу Скопје во текот на утрешниот ден (10...

АМСМ: На Богородица се чека половина час, подолги задржувања има на грчка страна

На граничниот премин Богородица има задржувања од половина час на македонската страна од границата, додека подолги задржувања има на грчкиот дел на преминот, при влез во Грција, информира попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат дека на граничниот премин Дојран, на границата со Грција, задржувањата се околу 15 минути. На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за...

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Маџари

Утре (15 јули), поради реконструкција и проширување на улицата Маџари, од крстосницата со улица Јужноморавски бригади и улицата Антон Попов (по старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица Финска, ќе биде воведен привремен режим на движење, односно пренасочување на возилата и на автобусите од јавниот градски превоз, соопштуваат од Град Скопје. „Автобусите што ја опслужуваат автобуската линија број 65В, наместо...

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

Од утре до понеделник улица Железничка ќе биде затворена за сообраќај

Утре, од 8 часот наутро, до понеделник, за сообраќај ќе биде затврена улицата Железничка, од делницата со улицата Герман до делницата со улицата Бихачка. Улицата ќе биде затворена за сообраќај поради финалното асфалтирање на коловозот. За време на градежните активности, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот Македонија. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање...

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид ќе биде во прекин в понеделник

Од АМСМ соопштуваат дека в понеделник, сообраќајот на патот Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, во одредени периоди од денот ќе биде во прекин. Прекинот ќе биде во периодот меѓу 12 и 14 часот и меѓу 15 и 17 часот во траење од 15 до 20 минути заради минирање на патот.

Сообраќајот Кичево – Охрид ќе биде во прекин еден час

Од АМСМ информираат дека на патниот правец Кичево - Охрид, кај месноста Пресека - Врбјане, денеска од 15 до 16 часот сообраќајот ќе биде во прекин. Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи –минирање, бидејќи е во тек изградбата на автопатот до Охрид.

Сообраќајот во Скопје, заложник на митинзите

Центарот на Скопје од рано утрово е под посебен сообраќаен режим, диктиран од митиншката атмосфера што овие два дена и опозицијата и власта ја ставија во погон. За сообраќај целосно се затворени булеварот Илинден, пред Владата, каде се стационирани камповите на опозицијата, а од утрово движење на возила нема ниту по делови од булеварите Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на...

Нормализиран сообраќајот во Куманово

Сообраќајот на улицата „11 Октомври“ во центарот на Куманово е целосно нормализиран. Полициските автомобили што беа поставени на почетокот од крстосницата меѓу улиците Доне Божинов и Гоце Делчев од едната страна и во близина на џамијата од другата страна ги нема и сообраќајот се одвива без застои. Граѓаните минуваат со автомобили, а непречено се одвива и превозот на патници со автобуси. На овие...

Поради свлечишта, отежнат сообраќајот на делниците од Прилеп кон Ресен и кон Македонски Брод

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3, меѓу Прилеп и Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е сè уште во прекин и возилата се пренасочуваат низ градот Битола, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, сообраќајот се одвива отежнато и на патниот правец Прилеп-Македонски Брод, Р-1107, стационажа 35. километар, поради појава на свлечиште. На патниот правец Прилеп -...

Сообраќајот кон Блаце е во прекин

Од 10 часот утринава, во прекин е сообраќајот во двата правци на магистралниот пат Скопје - Граничен премин Блаце, поради сообраќајна несреќа во селото Визбегово, информираат од АМСМ. Во сообраќајната несреќа учествувале камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, при што биле повредени четворица патници. Сообраќајот се пренасочува.

АМСМ: Отежнат сообраќајот на неколку патишта

На патот Кичево - село Извор за попладнево, од 15 до 16 часот, се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е сè уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола. АМСМ информира...

Парализиран сообраќајот во центарот на Скопје

Сообраќајот во центарот на Скопје утринава е парализиран поради сообраќајна несреќа. Две возила се судриле на крстосницата на улицата Димитрија Чуповски и булеварот Гоце Делчев. Сообраќајот го регулираат полицајци, а движењето на возилата е отежнато.

РСБПС и МВР ја почнаа едукативната кампања „Недела на пешаците“

Во првото тримесечје од 2015 година, во сообраќајни незгоди во земјата животот го загубиле 23 лица, од кои седум биле пешаци, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната промоција на едукативната кампања „Недела на пешаците“, истакнувајќи го овој податок како главна причина за новата активност што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС), во...

Укината е забраната за сообраќај на патниот правец Ресен – Прилеп

Укинати се забраните за сообраќај на патниот правец Ресен­ – Прилеп и кај обиколницата на Битола. Сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила. Во нормални услови се одвива и сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес. Одронот е исчистен, но од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена...

Засилени сообраќајни контроли во Охрид

По зачестените сообраќајки со трагичен исход во повеќе македонски градови, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Охрид, изврши акциска контрола за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот, безбедносната култура и за доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Пешаците учесници во сообраќајот сè уште недоволно ја почитуваат хоризонталната и вертикална сигнализација и не го...

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ. Истовремено се наведува дека од 06.45 часот, нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот крак Маврово – Дебар. Поради свлечиште на патниот правец Прилеп - Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила. Сообраќајот се...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...