fbpx

АМСМ: Скопската обиколница утре повторно отворена за сообраќај

-

Скопската обиколница, која од понеделникот беше затворена за сообраќај поради снимање филм, утре повторно ќе биде ставена во употреба, соопшти доцна попладнево Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

„Во името на продукциската куќа „Шик филмс“ (Chic films) и „Мануфактура продукција“, во согласност со временската прогноза со која се најавува дожд, ве известуваме дека обиколницата околу Скопје во текот на утрешниот ден (10 септември 2015 година) повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија“, стои во информацијата на АМСМ.

Поради снимањето на францускиот филм, скопската обиколница треба да биде затворена за сообраќај од 7 до 28 септември, во периодот од 7 до 19 часот.

Затворањето на обиколницата, за потребите на филмот, денеска беше тема на препукување меѓу опозицискиот СДСМ и Министерството за транспорт и врски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...