fbpx
Таг: Санденс

таг: Санденс

Публиката на „Санденс“ за фестивалски фаворит го изгласа „Navalny“, филмот за рускиот опозиционер Алексеј Навални

По девет дена со селективна проекција на 84 долги и 59 кратки филмови, а со доделување на вкупно 32 награди, заврши годинешното издание на најголемиот независен филмски фестивал во САД, „Санденс“ 2022. Фестивалот оваа година започна на 20 јануари и се одржуваше онлајн поради ситуацијата со вирусот заклучно до 30 јануари кога беа соопштени и добитниците на престижните награди. Во продолжение...

Поради омикронот, фестивалот „Санденс“ ќе има виртуелно издание годинава

На две недели пред неговиот почеток на 20 јануари, фестивалот „Санденс“ соопшти дека овогодинешното издание на еден од најистакнатите филмски фестивали ќе се одржи виртуелно. Омикрон сојот што забрзано се шири низ САД ги одложи настаните со физичко присуство, закажани за периодот од 20 до 30 јануари. „Санденс“ првично беше планирано за годинава да се одржи во хибриден формат, со...

Трите главни награди на „Санденс“ за „Улиште“, филм во македонска копродукција

Четврта година по ред, на „Санденс“, (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Овој пат тоа е „Улиште“ кој е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент “Црна мачка продукција”. „Улиште“ на овогодинешното издание на фестивалот ги освои најзначајните награди на годинашниот „Санденс“: Најдобар филм, Најдобра режија...

Македонскиот „Медена земја“ прогласен за најдобар документарец на „Санденс“

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во саботата во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми...

Два македонски филма во конкуренција на филмскиот фестивал „Санденс“

Два македонски филма, едниот документарен, а другиот детски и авантуристички, ќе се натпреваруваат во соодветните категории на следното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, кој е дефинитивно најголемиот и најпрочуениот светски настан на независната филмска продукција. Во категоријата „Долготраен документарен филм“ на фестивалот, кој ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година во државата Јута во САД, во...

Македонскиот „Види ја ти неа“ најдобар интернационален краток филм на „Санденс“

Краткиот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски и продукција на Скопје Филм Студио и Црна Мачка Продукција на 34-от Филмски фестивал Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, ја освои наградата Најдобар интернационален игран филм во категоријата кратки филмови. Во конкуренција за наградата беа 17 наслови од целиот свет. „Види ја ти неа“ е приказна за...

Претставен првиот филм во виртуелна реалност

Компанијата „Околус рифт“ на фестивалот „Санденс“ го претстави својот прв краток филм наречен „Изгубен“ (Lost), кој посетителите можат да го погледнат со помош на виртуелни очила. Во филмот, гледачот се поставува во улога на големи роботски раце кои се наоѓаат во шума и трагаат по своето тело. Иако самата околина во која раката се движи е интерактивна, екипата која работела...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...