Публиката на „Санденс“ за фестивалски фаворит го изгласа „Navalny“, филмот за рускиот опозиционер Алексеј Навални

Фото: Официјална страна на фестивалот

По девет дена со селективна проекција на 84 долги и 59 кратки филмови, а со доделување на вкупно 32 награди, заврши годинешното издание на најголемиот независен филмски фестивал во САД, „Санденс“ 2022.

Фестивалот оваа година започна на 20 јануари и се одржуваше онлајн поради ситуацијата со вирусот заклучно до 30 јануари кога беа соопштени и добитниците на престижните награди.

Во продолжение ги проследуваме најважните признанија и награди на добитниците и нивните филмови.

Долгометражни филмови и награди:

Избирањето на Санденс наградите и признанијата го вршат две тела; специјално и стручно жири и на гласање на публиката. Дваесет и шет филма беа наградени од жирито, додека шест ги оценуваше публиката.

Во категоријата на гранд награди од жирито (Grand Jury Prize), победник за најдобар драма филм од САД беше „Nanny“ („Дадилката“) во режија на Никата Јуси, а како најдобар драма филм на светско ниво од жириот беше избран „Utama“ на Алехандро Лоeјза Гриси (Болоција, Унгарија и Франција).

Најдобар документарен филм од САД е „The Exiles“ од режисерите Бен Клајн и Вајолет Колумбус, а во истата категорија од светскиот ранг избран беше „All That Breaths“ од индискиот режисер и продуцент Шаунак Сен.

Според гласањето на публиката, најдобар документарен филм од САД е „Navalny“ од Даниел Рохер, додека од светската кинематографија „The Territory“ (Бразил, Данска, САД) во режија на Алекс Приц.

Гледачите го изгласаа „Cha Cha Real Smooth“ режиран од Купер Рејф за најдобар драма филм од САД, а данскиот „Girl Picture“ на Али Хапасало е најдобар драма филм од светската продукција.

Наградата за фестивалски фаворит (Festival Favorite Award) годинава ја доби „Navalny“, филм за опозицискиот руски лидер, Алексеј Навални, контроверзниот противник на владеењето на актуелниот руски претседател, Владимир Путин.

Жирито во истите две категории, за светски и американски филмови ги додели и наградите за најдобра режија, сценарио и уредување на филмовите, а исто така беа доделени и специјалните награди на жирито за глума, иновативна содржина, документарна работа, креативна визија, влијание за промена, ансамбал и уметничка визија на креаторите.

Краткометражни филмови и награди: 

Наградата за најдобар краток филм од жирито ја доби филипинскиот филм „The Headhunter’s Daughter“ на Додн Џозефус Рафаел Еблахан. Најдобриот краток филм во категоријата за американска фикција е „If I Go Will They Miss Me“ во сценарио и режија на Валтер Томпсон-Хернандез, а во меѓународната конкуренција победи „Warsha“ (Франција/Либан) од Данија Бдеир.

Косовскиот филм „Displaced“ од Самир Карахода победи во изборот за краток не фиктивен филм, додека за најдобар анимиран филм беше избран „Night Bus“ (Тајван) од Џо Шеи.

„Годинешната програма покажа дека без разлика на контекстот, независното расажување на приказна останува клучна алатка за проширување на критичните дијалози, и овие приказни ќе, но и мора да бидат раскажани“, изјавила за време на доделувањето, Јана Висенте, директорката на Санденс Институтот во Јута.

„Санденс 2022 уште еднаш ја пресретна нашата публика, каде и да се наоѓаше таа, дали од дома или преку еден од седумте сателитски екрани, годинешниов фестивал искажа моќен стремеж за приближување; ние сме присутни, заедно и како заедница поврзани преку работа. И оваа работа ги промени оние што искусија да бидат дел од неа.“, истакнала директорката на фестивалот, Табита Џексон за време на церемонијата, пренесуваат на веб сајтот на Санденс.

Изборот на наградите се изврши од селектираните 84 долги и 59 кратки филмови од поднесените 14,849 апликации. Сите избрани филмови беа прикажани на 7 сателитски екрани во САД.