fbpx
Таг: Регионален совет за соработка

таг: Регионален совет за соработка

Османи – Брегу: Македонија, практично, ги затвори сите отворени прашања со соседите

Со имплементација на договорот од Преспа, но и претходно, преку историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, Македонија во моментов ги има затворено практично сите поважни отворени прашања со соседите и претставува предводник на регионалната соработка на Балканот. Со таква порака се обрати македонскиот вицепремиер Бујар Османи на средбата со Генералната секретарка на Регионалниот совет на соработка (РСС), Мајлинда Брегу. Вицепремиерот Османи...

РСС организира обука за медиумско известување за тероризам и екстремизам

Медиумско известување за терористички акти или акти на насилен екстремизам, е тема на работилница што започна денеска во Будва, Црна Гора, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Повеќе новинари од медиуми од регионот на Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија, учествуваат на работилницата што ја изведуваат регионални и меѓународни експерти од оваа област, вклучувајќи го и феноменот на социјалните...

Балканот ќе преговара за признавање на дипломите на лекарите, инженерите, архитектите…

Земјите од Западен Балкан наскоро треба да започнат преговори за заедничко признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматолозите, архитектите и инженерите, соопшти денеска Регионалниот совет за соработка (РСС). Претставници на шест земји од регионот на денешниот состанок во Сараево во седиштето на РСС ја потврдија препораката, која всушност беше барање во Агендата за мобилност во рамките на повеќегодишниот...

Фестивалот „Егзит“ прогласен за шампион на регионалната соработка

Светски познатиот музички фестивал „Егзит“ (EXIT) е прогласен за шампион на регионалната соработка на Западен Балкан за 2017 година. Признанието вчеравечер во Сараево му го врачи Регионалниот совет за соработка (РСС). Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, врачувајќи ја наградата на основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, истакна дека „фестивалот со универзални музички содржини ги надминува културолошките, политичките и сите други...

Свилановиќ: За пет години 1.000 борци од Западен Балкан заминале во Сирија и во Ирак

Околу 1.000 лица од земјите од Западен Балкан заминале да се борат во Сирија и во Ирак од 2012 до 2017 година, од кои 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 сè уште се на боиштата, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Тој, како што соопшти РСС, изјави дека темпото на...

Справувањето со повратниците од странските боишта ќе се дефинира на балканска конференција

Заканата од повратниците од странските боишта во земјите од Западен Балкан ќе биде една од темите на денешната Втора меѓународна конференција за борба против тероризмот и насилниот екстремизам во Југоисточна Европа, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. Претставници на влади, како и на меѓународни и регионални организации што се занимаваат со оваа тема, ќе разговараат за зајакнување на соработката...

Пари за проблемите на Ромите на Балканот ќе се бараат и во државните буџети и од донатори

Министрите кои ја покриваат социјалната сфера во повеќе балкански држави, вклучително и на Турција, на конференција во Тирана денеска се договорија за решавање на проблемите на Ромите да се издвојуваат дополнителни средства од националните буџети, но и од други донатори. На регионалната министерска конференција во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и албанските власти, се зборуваше пред се за...

Мора да се најдат начини за борба против корупцијата, нема еден ефикасен модел

Ефикасно утврдување и проценка на ризикот од корупција во јавните институции е главна тема на дводневниот регионален форум што почна денеска во главниот град на Словенија, Љубљана. Собирот е во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС), Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), а со помош на Комисијата за спречување на корупцијата на Словенија. На собирот учествуваат претставници на министерствата за правда...

Земјите од Балканот треба да ги унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите

Земјите од Југоисточна Европа, посебно земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија треба да ги стандардизираат и унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите во нивните општества. Ова, на денешниот состанок во Белград, е детектирано како една од главните цели на која во претстојниот период треба да се фокусира Акцискиот тим на Регионалниот совет за соработка (РCC), како...

Свилановиќ: Прогресот на соработката на Балканот е видлив и покрај осцилациите

Прогресот во регионалната соработка на Балканот и во Југоисточна Европа е видлив и покрај пречките и осцилациите што се создаваа повремено на националните и на политичките сцени, оцени денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Оценката доаѓа само еден ден пред состанокот на шефовите на дипломатиите и самитот на шефовите на држави или влади на Процесот...

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани програми - појасни Свилановиќ, зборувајќи...

Укажувачите на корупција на Балканот ги сакаат малку, а во Македонија – најмалку

Укажувачите на криминал и на корупција (whistleblowers) не се популарни, односно ја немаат поддршката ниту од граѓаните во земјите од Западен Балкан, а најмалку во Македонија, покажува истражувањето спроведено во седум земји, врз 7.000 испитаници, поддржано од Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево. Истражувањето, кое е прво од ваков вид, е спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина,...

Свилановиќ: Застојот на реформите во Западен Балкан може да се надмине преку интеграција во економијата

„Еден регион - една економија“, може да биде добредојдена новина за земјите од Западен Балкан, но само ако е следена со почеста интеракција од ресорните министри од регионот и нивните колеги од институциите од Европската унија. Ова денеска во Минхен го изјави Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, зборувајќи на сесија посветена на глобалниот дијалог,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...