fbpx

Земјите од Балканот треба да ги унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите

-

Земјите од Југоисточна Европа, посебно земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија треба да ги стандардизираат и унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите во нивните општества.

Ова, на денешниот состанок во Белград, е детектирано како една од главните цели на која во претстојниот период треба да се фокусира Акцискиот тим на Регионалниот совет за соработка (РCC), како и националните координатори во земјите кои се членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).

– Забележавме позитивни исчекори во областа на образованието, а особено во промоцијата на претшколското образование – изјави Орхан Усеин, шеф на Акцискиот тим на проектот „Интеграција на Ромите 2020“.

Тој меѓутоа, како што соопшти РCC, предупреди на сè уште постоечката омраза и дискриминација.

– Во образованието преовладува дискриминацијата, а кривичните дела сторени од омраза, како и говорот на омраза се во пораст, за што сведочат невладините организации – посочи Усеин.

Претставник од Генералната дирекција на Европската комисија за добрососедство и проширување ги потсети учесниците дека ја имаат целосната поддршка, но и дека имаат обврски што треба да се исполнат.

– Одржливиот напредок во интеграцијата на Ромите е важен дел од подготовките за пристапување во Европската Унија – изјавил Мортен Јунг на состанокот на Акцискиот совет и на националните координатори за овој проект, претставници на владите на членките на СЕЕЦП, меѓу кои е и Република Македонија.

Целта на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ што го спроведуваат РCC, Фондацијата Отворено општество и ЕУ, е да се намали социо-економскиот јаз помеѓу ромското и неромското население во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...