понеделник, 12 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Регионален совет за соработка | 13 резултати

Свилановиќ: За пет години 1.000 борци од Западен Балкан заминале во Сирија и во Ирак

30 ноември 2017

Околу 1.000 лица од земјите од Западен Балкан заминале да се борат во Сирија и во Ирак од 2012 до 2017 година, од кои 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 сè уште се на боиштата, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Тој, како што соопшти […]

Справувањето со повратниците од странските боишта ќе се дефинира на балканска конференција

30 ноември 2017

Заканата од повратниците од странските боишта во земјите од Западен Балкан ќе биде една од темите на денешната Втора меѓународна конференција за борба против тероризмот и насилниот екстремизам во Југоисточна Европа, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. Претставници на влади, како и на меѓународни и регионални организации што се занимаваат со оваа тема, ќе […]

Пари за проблемите на Ромите на Балканот ќе се бараат и во државните буџети и од донатори

10 ноември 2017

Министрите кои ја покриваат социјалната сфера во повеќе балкански држави, вклучително и на Турција, на конференција во Тирана денеска се договорија за решавање на проблемите на Ромите да се издвојуваат дополнителни средства од националните буџети, но и од други донатори. На регионалната министерска конференција во организација на Регионалниот совет за соработка (РCC) и албанските власти, […]

Мора да се најдат начини за борба против корупцијата, нема еден ефикасен модел

25 октомври 2017

Ефикасно утврдување и проценка на ризикот од корупција во јавните институции е главна тема на дводневниот регионален форум што почна денеска во главниот град на Словенија, Љубљана. Собирот е во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС), Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), а со помош на Комисијата за спречување на корупцијата на Словенија. На собирот учествуваат […]

Земјите од Балканот треба да ги унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите

21 септември 2017

Земјите од Југоисточна Европа, посебно земјите кои имаат аспирации за членство во Европската Унија треба да ги стандардизираат и унапредат буџетските политики за интеграција на Ромите во нивните општества. Ова, на денешниот состанок во Белград, е детектирано како една од главните цели на која во претстојниот период треба да се фокусира Акцискиот тим на Регионалниот […]

Свилановиќ: Прогресот на соработката на Балканот е видлив и покрај осцилациите

29 јуни 2017

Прогресот во регионалната соработка на Балканот и во Југоисточна Европа е видлив и покрај пречките и осцилациите што се создаваа повремено на националните и на политичките сцени, оцени денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Оценката доаѓа само еден ден пред состанокот на шефовите на дипломатиите и самитот на шефовите на […]

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

25 мај 2017

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. – Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани […]

Укажувачите на корупција на Балканот ги сакаат малку, а во Македонија – најмалку

18 април 2017

Укажувачите на криминал и на корупција (whistleblowers) не се популарни, односно ја немаат поддршката ниту од граѓаните во земјите од Западен Балкан, а најмалку во Македонија, покажува истражувањето спроведено во седум земји, врз 7.000 испитаници, поддржано од Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево. Истражувањето, кое е прво од ваков вид, е спроведено […]

Свилановиќ: Застојот на реформите во Западен Балкан може да се надмине преку интеграција во економијата

17 февруари 2017

„Еден регион – една економија“, може да биде добредојдена новина за земјите од Западен Балкан, но само ако е следена со почеста интеракција од ресорните министри од регионот и нивните колеги од институциите од Европската унија. Ова денеска во Минхен го изјави Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, зборувајќи на сесија […]

Страна 1 од 1