!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти годинава


Вашингтон, 11 јануари, 2017 - 15:48 (META) 

Домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе се зголеми 3,3 проценти оваа година и 3,7 проценти следната година, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните перспективи.

Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза лани, кога се предвидуваше пораст на економијата од 4 проценти.

Светска банка за глобалната економија годинава предвидува пораст од 2,7 проценти, што е исто така намалување во однос на јунската прогноза, кога се предвидуваше дека економијата ќе се зголеми за 2,8 проценти.

Светска банка ја задржа својата прогноза за САД од јуни, за пораст на економијата од 2,2 отсто, а за Русија и за Бразил очекува да излезат од рецесија.