fbpx

Грчки медиуми дезинформираат дека во 2010 Фондацијата „Рокфелер“ ја предвидела пандемијата на ковид-19

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr се зафати со раскринкување на тешки дезинформации во грчки блогови и на еден веб-сајт, кои изнесуваат тврдења дека наводно Институтот „Рокфелер“ уште во 2010 година ја предвидел SARS-CoV-2 пандемијата, односно пандемијата.

Спорните тврдења на грчки јазик се појавиле во текот на овој месец а во нив се тврди дека во извештајот Scenarios for the Future of Technology and International Development (Сценарија за иднината на технологијата и интернационалниот развој) на Институтот „Рокфелер“ е предвидена сегашната пандемија на новиот корона вирус, но тоа е целосна невистина, пишува ellinikahoaxes.gr.

Анализата што овој сервис ја извршил довела до следните сознанија. Првин, во 2010 година бил објавен извештајот што се наведува, но од Фондацијата „Рокфелер“ и Global Business Network (Глобална бизнис мрежа), на 54 страници. Во севкупниот материјал има и четири сценарија, односно хипотетски ситуации за идни настани, кои би покажале какво влијание технологијата и нејзиниот развој може да имаат на хипотетски одлуки и поведение. „Сценарио“ е метода што ја користат аналитичарите за истражувачки цели и како алатка за креативно донесување одлуки во светлината на можните опции и предвидливите последици.

Тоа се чисто фиктивни наративи, засновани на одредени фактори чијшто развој може да доведе до глобални предизвици или можности. Тоа е одбележано и во предговорот на извештајот, односно она што е содржано во него е само едно одредено размислување за иднината, а не и стототстотно предвидување, потенцира ellinikahoaxes.gr., наведувајќи дека едно од четирите сценарија што во грчките медиуми се презентира како „предвидување“ на пандемијата на ковид-19 , е сценариото „”Lock Step“, кое што вклучува и пандемија.

Недоследностите што грчкиот сервис за борба против дезинформациите ги открил во објавите на грчки јазик и фактите за ова сценарио се неколку.

Првин, пандемијата од сценариото избива во 2012 година, а актуелната изби на самиот крај на 2019 година. Потоа сценариото зборува за пандемија на нов вид грип, додека новиот корона вирус е во сосема друго семејство вируси. Исто така, вирусот од сценариото преминува на човек од гуски, а во случајот со корона вирусот, најверојатниот извор од животинскиот свет е цицач, најверојатно еден вид лилјаци.
Исто така, во сценариото на извештајот на „Роккфелер“ објавен во 2010 година се предвидува 8 милиони смртни случаи во светот во првите седум месеци на фиктивната пандемија, а во случајот со пандемијата на новиот корона вирус, досега се регистрирани нешто повеќе од 620.000 смртни случаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...