fbpx
Таг: портокалова фаза

таг: портокалова фаза

Инспекторите на терен: И покрај забраната, работници над 60 години асфалтираат улица во Кисела Вода

Ненајавена посета на две градилишта во општина Кисела Вода денеска имале министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, заедно со тим инспектори. Целта на нивното излегување на терен за време на забраната за работа на отворено била да увидат дали се почитуваат мерките поради портокаловата фаза. Како што информираа од...

Суровоста на климатските промени: oд невреме и поплави до екстремни горештини [инфографик]

Обилни дождови, невреме и поплави, за само седум дена подоцна да биде прогласена портокалова фаза на високи температури. Две временски екстреми за многу краток период ја погодија Северна Македонија летово, што, според експертите, укажува на тоа дека и земјава го чувствува разорното влијание од климатските промени. Прогнозите за иднината на македонското поднебје се зачестени топлотни бранови и намалени ледени...

Продолжува портокаловата фаза – од денеска забрана за движење во шумите и заштитените подрачја

Портокаловата фаза во којашто се наоѓа земјава продолжува и денеска и се очекува да трае во следите десетина дена. Оваа информација ја соопштија вчеравечер од Владата, по одржаната седница на која била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат и деновиве. Портокалова фаза летово за првпат беше прогласена од четвртокот, кога стапија на...

Синоптичарите меѓу најранливите од високите температури – речиси половина се ослободени од работа

Речиси 50 отсто од синоптичарите вработени во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од вчера се ослободени од работа, откако на сила стапија мерките и препораките за заштита од високите температури. Тоа е така зато што имаат над 60 години и спаѓаат во најранливите групи население, кои, заедно со бремените жени, се ослободени од работните обврски бидејќи земјава ја зафатија...

Топлотен бран: излегувајте ако е неопходно, внимавајте на храната и заштитете ги животните

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а се прогнозира дека во овие делови од светот во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури. Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јави Би-Би-Си. Од денеска во земјава, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на...

Метео-aларм: Владата со сет препораки за очекуваните високи температури во земјава

На денешната седница Владата усвои сет препораки за очекуваните високи температури кои се очекува да ја зафатат земјата во следните денови. Од утре, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението почнуваат да важат следните препораки: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население (бремените жени и лица на возраст...

Денеска и утре поради топлото време целата земја е во портокалова фаза

Во текот на денешниот и утрешниот ден целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Од таа причина Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање...

Министерство за здравство: Од четврток до недела портокалова фаза во цела држава

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, во следните четири дена – од четврток до недела, територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза и во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури, велат од Министерството за здравство. Од таму информираат дека почнувајќи од утре, сите региони...

Температурата и денеска до 40 степени, продолжува портокаловата фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. УВ-индексот ќе има вредност 9. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 40 степени. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 20 Целзиусови степени, а дневната до 40 степени. До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечна...

Македонија од денеска во портокалова фаза, со температурa повисокa од 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, а дневната до 40 степени. УХМР најави дека Македонија од денеска и...

Министерството за здравство со препораки до граѓаните поради портокаловата фаза

Министерството за здравство, во согласност со метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти дека почнувајќи од утре и во текот на викендот територијата на целата земја ќе биде зафатена со висока температура од портокалова фаза. Министерството препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите други лица...

Ќе биде многу топло, делови од Македонија во портокалова фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови стпени, а дневната 40 степени. УХМР информира дека Северно-вардарскиот и Охридско-преспанскиот Регион денеска ќе бидат...

Во наредните три дена да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните

Поради информацијата дека во наредните три дена земјава ќе биде зафатена од многу висока температура од портокалова фаза, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Министерството на работодавците им препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот....

Четири региони денеска ќе бидат во портокалова фаза

Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот Регион денеска се зафатени со температура од портокаловата фаза поради што се препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски. Во овие региони се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не се изнесуваат децата на отворено. Од...

Пеколно жешко време – од утре благ пад на температурата

Времето денеска ќе биде ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 28 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до...

Јужновардарскиот регион во портокалова фаза, остатокот на земјата во жолта

Министерството за здравство соопшти дека препораките бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години да бидат ослободени од работните обврски денеска ќе важат само за Јужновардарскиот регион, односно за Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и околните населени места. Препораката, како што велат од министерството е дадена согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, според...

Македонија денеска во портокалова фаза

Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион, денеска ќе бидат зафатени со температура од портокалова фаза, а другите региони со температура од жолта, односно алертна фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, дневната температура ќе се движи од 35 до 42 Целзиусови степени, а УВ-индексот ќе изнесува 9. Владата донесе препорака...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...