fbpx
Таг: ПМ10

таг: ПМ10

Воздухот и понатаму екстремно загаден, вредностите на ПМ2.5 и ПМ10 и до седумпати повисоки од граничните

Екстремното високо загадување со ПМ10 и ПМ2,5 честичките и денеска е реалноста во која живеат жителите на Скопје, Струмица, Прилеп, Охрид, Кичево и повеќе други градови низ земјата, покажуваат мерењата на мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем. Најзагадено во главниот град е во Лисиче, каде вредностите на ПМ 10 денеска се 256 микрограми на кубен метар, во Ректорат...

Во Струмица поради аерозагадувањето стапуваат на сила посебни мерки и препораки

Во Струмица два дена по ред е надминат прагот на загадувањето на воздухот. Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, дефиниран е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, кои не треба да надминат вредност од 150 mg/m3 во текот на два последователни дена. Во...

„Сезоната“ на отровен воздух започна, Скопје на осмото место во светот по загаденост

Сите мерни места во Скопје на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) покажуваат високо загадување на воздухот со ПМ10 и ПМ 2,5 честички. Во последните 24 часа сите измерени вредности ја надминуваат границата на 50 микрометри на кубен метар, што за првпат есенва го искачи Скопје на осмото место на најзагадените градови во светот, според...

Изминатава зима имало драстични разлики во присуството на ПМ-2,5 честичките во делови на Скопје [инфографик]

Драстични разлики во мерењето на опасните ПМ-2,5 честички се регистрирани од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во одредени делови од Скопје. Истовремено, ПМ-10 честичките остануваат проблем за граѓаните на целиот град, покажуваат месечните извештаи за аерозагадувањето во Скопје за февруари и март 2022 година што се изработени од ова министерство. Мерните станици покажале дека во...

Без повеќе мерни станици нема ефикасни мерки против загадувањето на воздухот

Да се зголеми бројот на мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот кои ќе помогнат да се лоцираат загадувачите, апелираат граѓанските активисти во очи на сезоната на високи вредности на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички. Квалитетот на воздухот што го дишиме може да се подобри ако се направи хипер-мрежа на мерни места, кои ќе ни дадат точни...

Лисиче е најопасно место за живеење во Скопје според загадувањето на воздухот [инфографик]

Нивото на загадување на воздухот во Скопје во текот на октомври и ноември годинава било помало во споредба со истиот период од 2020 година. Кај ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките актуелната есен се забележува тренд на нивно намалување, додека јаглерод моноксидот и азотниот двооксид се во рамките на дозволените вредности. Опсегот на мерење на квалитетот на воздухот во...

Инсталирани се нови инструменти за мерење на ПМ10-честички

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на ПМ10-честички во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци. „Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на 5 автоматски анализатори за мерење...

Од сабота стапува на сила понизок праг за алармирање за загадување со ПМ10 честички

Од сабота, 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период, информира со соопштение Министерството за животна средина и просторно планирање. Оттаму соопштуваат дека новиот, понизок праг на концентрации на штетните ПМ10...

Во Битола мерачите на аерозагадувањето не работат, Министерството со контрадикторни одговори за причините

Двете мерни станици кои ги мерат загадувачките ПМ10 честички во воздухот во Битола не работат - Битола 1 од 16 јуни, а Битола 2 од 18 март годинава. Според официјалниот допис од Министерството за животна средина и просторно планирање од јуни, во одговор на барањето за информација од јавен карактер од Платформата „Земи Здив“ од Битола, за причините зошто не...

Бошњаковски: Од УХМР најавија ветер, затоа не беа активирани мерките за загадувањето

Иако загадувањето го надмина прагот на алармирање, мерките не беа активирани поради прогнозата за засилен ветер, вели портпаролот на владата Миле Бошњаковски кој на „Твитер“ сподели информации добиени од Министерството за животна средина. Од здружението „Скопје смог аларм“, објавија дека минатата недела имало ПМ10 загадување над 200 микрограми на кубен метар на четири мерни станици во Скопје во четири различни...

Власта и опозицијата се препукуваат, граѓаните дишат отров

Синоќа речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина покажаа неколку пати поголемо количество на канцерогените ПМ10 и ПМ2,5 честички. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека е виновна што граѓаните се гушат од енормното загадување на воздухот, а од СДСМ велат дека Владата заедно со сите надлежни институции активно работи на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето. „Концентрацијата на опасните...

УНЕП: Скопје e најзагадениот главен град во Европа

Скопје, град со повеќе од половина милион жители, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ2.5 во воздухот, пишува УНЕП (Програма на ОН за животна средина) Честичките ПМ 2.5 вклучуваат различни компоненти како што се нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, кои претставуваат ризик за здравјето...

Не се знае кога, ама ќе се набават нови мерни инструменти за ПМ10 во Гази Баба и Лисиче

Двете најзагадени населби во Скопје, Лисиче и Гази Баба, ќе добијат нови инструменти за мерење на ПМ10 честички, информира за „Мета“, Министерството за животна средина и просторно планирање, но од таму не даваат временски рок кога тоа ќе се случи. Во Лисиче канцерогените ПМ10 честички не се мерат од 5 октомври односно 41 ден, а во Гази Баба инструментот не...

Шесте нови приватни станици мерењата ги почнаа со високо ниво на загадување на воздухот

Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување. Тоа се мерните станици кај Металски Завод Тито во општина Гази Баба, кај полициската станица во Ѓорче Петров, населба Козле во општина Карпош, како и три мерни станици во Центар- кај кафулето „Излет“,...

Мерната станица во Лисиче не работи од кога почна енормното загадување

Инструментите со кои се мерат канцерогените ПМ10 честички во скопските населби Лисиче и Гази Баба не се во функција од 5 октомври, односно од 14 август. Информациите од веб-апликацијата „Мој воздух“, која податоците ги добива од инструментите на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека мерната станица во Лисиче престана да работи кога загадувањето почна да ја надминува...

Загадувањето во Тетово е за 60 отсто намалено по затворањето на „Југохром“ (инфографик)

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица. Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен метар. Забележителен е пад од повеќе...

Мерната станица во Лисиче три недели не го мери загадувањето на воздухот

Мерната станица која го мери квалитетот на амбиенталниот воздух во скопската населба Лисиче веќе три недели не е во функција и не покажува податоци за загадување со канцерогените ПМ-10 честички и воопшто не го мери количеството на ПМ-2,5 честичките, а нередовно ги покажува и концентрациите на озон. Инструментот поставен во Гази Баба уште од август не ги мери концентрациите на...

Екстремно загаден воздух во Скопје втор ден по ред

Речиси на сите мерни места во Скопје, освен кај наплатната рампа Петровец, утрово е регистрирано многу високо ниво на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот, а високи концентрации има во Тетово и Куманово, покажуваат податоците на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа е втор ден како е регистрирана многу висока загаденост на најмалку...

Македонија и вечерва се гуши

Многу високи концентрации на честичките ПМ 10 вечерва има на сите мерни места во Скопје и кај наплатната рампа Петровец, како и во Куманово, Тетово и во Кавадарци, покажуваат резултатите на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Високо ниво на овие честички е регистрирано во Кочани и Кичево. Што се однесува до загадувачките честички...

Загадената Битола остана без Програма за заштита на животната средина и природа

Битола која е една од најжешките еколошки точки во Македонија и по пет месеци од почетокот на годината се уште нема донесено Програма за заштита на животната средина и природа. Ваквите програми се донесуваат на почетокот од годината се со цел да влезат во буџетот за идната година, а со тоа и да се обезбедат финансии кои ќе овозможат нивно...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...