fbpx

Мерната станица во Лисиче не работи од кога почна енормното загадување

-

Инструментите со кои се мерат канцерогените ПМ10 честички во скопските населби Лисиче и Гази Баба не се во функција од 5 октомври, односно од 14 август.

Информациите од веб-апликацијата „Мој воздух“, која податоците ги добива од инструментите на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека мерната станица во Лисиче престана да работи кога загадувањето почна да ја надминува максимално дозволената концентрација на ПМ10 честички од 50 микрограми на кубен метар.

Последните мерења на инструментот за ПМ10 во Лисиче за 4 и 5 октомври покажува високо ниво на загадување. Овие два дена загадувањето во Лисиче го надминува условот за воведување мерки од 200 микрограми на кубен метар. На 4 октомври во 10 часот утрото биле измерени 233 микрограми, а во 21 часот 184 микрограми на кубен метар.

Последното мерење на станицата било на 5 октомври во 8 часот утрото кога мерната станица покажа 137 микрограми на кубен метар. Три часа претходно во 5 часот утрината покажала 629 микрограми, во 3 часот после полноќ 382 микрограми, а во 1 часот 259.

Од тогаш наваму, инструментот не е во функција. Денеска навршуваат 39 дена откако станицата не мери ПМ10.

За споредба, минатата година само четири дена во месец ноември концентрацијата на ПМ10 честички била пониска од дозволените 50 микрограми на кубен метар, а во некои денови се движела над 250 микрограми.

Освен што граѓаните не можат соодветно да се информираат колку е загаден воздухот што го дишат, нефункционирањето на инструментите во Лисиче и Гази Баба е проблематично затоа што според резултатите од овие мерења се воведуваат предвидените итни мерки.

За воведување на итни мерки потребно е бар две мерни станици во Скопје да покажат среднодневна концентрација на ПМ10 честички над 200 микрограми на кубен метар во последните два дена.

Ова значи дека дури и да има вакво надминување на мерните станици, во Лисиче и Гази Баба, кои притоа секогаш се едни од најзагадените населби, тоа не е евидентирано и не може да се преземат мерки.

Ако се исполнат условите се преземаат следните мерки:

  • Се ослободуваат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хрoнична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
  • Се реорганизираат работното време – лицата на отворено смеат да работат од 11 до 17 часот.
  • Се спроведува забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено.
  • Се воведува бесплатен јавен превоз.
  • Дневно се чистат улиците и пешачките површини.
  • Се зачестува контролата на инсталациите кои што поседуваат А–ИСКЗ дозвола – односно најголемите загадувачи.
  • Се спроведат контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во дозволата по однос на емисиите во воздухот, и истите ќе добијат и препорака да го намалат производството за 50 отсто.

Пишува: Симона Атанасова

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...