fbpx

Инсталирани се нови инструменти за мерење на ПМ10-честички

-

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на ПМ10-честички во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци.

„Министерството за животна средина и просторно планирање по спроведена отворена постапка за доделување на договор за јавна набавка на 5 автоматски анализатори за мерење на суспендирани честички ПМ10 и на 5 системи за прибирање и обработка на податоци, информира дека во автоматските мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци се инсталирани нови мерни инструменти за мерење на ПМ10 и истите се ставени во работен режим. Податоците од извршените мерења, од денеска  се достапни за јавноста на веб порталот за квалитет на амбиентниот воздух: air.moepp.gov.mk. Исто така, информираме дека инструментот за симултано мерење на ПМ10 и ПМ2,5 од Куманово е исклучен од системот поради технички проблем. Во моментот кога ќе се отстрани проблемот инструментот ќе биде ставен во работен режим“, се вели во соопштението на МЖСПП.

Во моментов во државната мрежа на мерни станици за мерење на аерозагадувањето во Македонија има 18 мерни станици, од кои само три мерни станици- во Тетово, Битола 2 и мобилната станица во Ѓорче Петров ги мерат сите шест параметри на загаденоста на воздухот – ПМ 10 и 2,5 честички, сулфур диоксид, јаглерод моноксид, НО2 и озон, додека 12 мерни станици воопшто не ги мерат концентрациите на ПМ2,5 фини загадувачки честички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...