fbpx

УНЕП: Скопје e најзагадениот главен град во Европа

-

Скопје, град со повеќе од половина милион жители, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ2.5 во воздухот, пишува УНЕП (Програма на ОН за животна средина)

Честичките ПМ 2.5 вклучуваат различни компоненти како што се нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, кои претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Поради нивната мала големина, тие продираат во белите дробови и се познати дека предизвикуваат срцеви заболувања, заболувања на белите дробови и други болести.

Во однос на средните концентрации на ПМ10 и ПМ2.5, базата на податоци за загадување на амбиентниот воздух на СЗО за 2018 година го рангира Скопје како најзагадениот главен град во Европа.

Организацијата проценува дека 2.574 луѓе предвреме умираат во земјата поради загадување на воздухот.

Местоположбата на Скопје, опкружена со планини, значи дека загадениот воздух е заробен. Скопје е особено погодено од загадувањето во зимската сезона, кога неколку пати придонесе за затворање на градскиот аеродром.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...