fbpx
Таг: Оливер Ивановиќ

таг: Оливер Ивановиќ

Сведоштво за КРИК: Во убиството на Оливер Ивановиќ учествувале групата на Беливук и Веселиновиќ

Косовскиот политичар и лидер на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ бил убиен по наредба на Звонко Веселиновиќ кој бил поддржан од заменик-претседателот на Српската листа, Милан Радојичиќ, и двајцата се на листата за санкции на американското Министерство за финансии, се вели во сведоштвото кое го објави српската Мрежа за истражување на криминал и корупција (КРИК). Бобан Богдановиќ, долгогодишен...

БИРН Косово: Лажна вест за смрт на обвинетата за убиството на Ивановиќ – Силвана Арсовиќ е жива

БИРН Косово анализираше вест објавена на косовскиот „Индекс Онлајн“ за наводна сомнителна смрт на Силвана Арсовиќ, екс-секретарка на убиениот српски политичар од Косово, Оливер Ивановиќ и обвинета заедно со пет други лица за неговото убиство. Во врска со случајот, kallxo.com го контактирал и специјалниот обвинител Сил Хоџа, кој поднесе обвинение против Арсовиќ и пет други лица за убиството на Оливер...

Исчезнат српскиот новинар Цветковиќ, кој истражуваше за убиството на Ивановиќ

Новинарот Стефан Цветковиќ од Бела Црква, кој го истражувал убиството на српскиот политичар на Косово, Оливер Ивановиќ исчезнал синоќа, јавуваат српските медиуми. Министерството за внатрешни работи на Србија соопштило дека полицијата во Бела Црква го пронашла паркираниот автомобил за кој е утврдено дека го користел новинарот и дека е распишана потрага по него. За овој случај било известено и надлежното...

Командантот на КФОР тврди дека ситуацијата на Косово е мирна и стабилна

Командантот на КФОР, Салваторе Куочи изјави дека и покрај последните случувања во северниот дел, ситуацијата на Косово е мирна и стабилна. - По убиството на лидерот на иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ на 16 септември, КФОР и другите безбедносни институции се ангажираат да ја одржат ситуацијата мирна - вели Куочи за приштинската агенција „Косовапрес“, пренесува „Радио Слободна Европа“. Тој вели...

Првите резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ се очекуваат денеска

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.

Вучиќ на Косово: Србија сака и ќе направи се да го зачува мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им порача на Србите на Косово дека мораат да останат и да опстанат на своите живеалишта на Косово, а дека за тоа ќе има понатамошна и поголема помош од државата. – Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од...

Вучиќ утре во посета на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре ќе престојува во посета на Косово, каде ќе разговара со политичките претставници на Србите и со граѓаните јужно од реката Ибар, соопштија денеска од неговиот кабинет. Како што се наведува, Вучиќ посетата ќе ја почне со обиколка на манастирот Бањска, по што ќе се состане со српските претставници на Косово на Техничкиот факултет...

Утврдено потеклото на возилото користено во убиството на Оливер Ивановиќ

Истражните органи на Косово потврдија дека со помош не меѓународните организации го утврдиле потеклото на возилото кое било користено во убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на Србите на Косово. Заменик-директорот на регионалната полиција „Север“ на Косово, Бесим Хоти за „Радио Слободна Европа“ изјавил дека преку меѓународните организации, кои на барање на косовската полиција излегле во пресрет, е...

Македонската влада изрази жалење за убиството на Ивановиќ и повика на разум

Македонската влада денеска изрази длабоко жалење за бруталното убиство на Оливер Ивановиќ, еден од политичките лидери на Србите на Косово. „Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално...

Обдукцијата покажува дека Ивановиќ бил убиен со шест куршуми

Обдукцискиот наод покажува дека косовскиот политичар Оливер Ивановиќ бил убиен со шест куршуми од пиштол марка М70А, познат како „долга деветка“. -Постојат шест влезни рани и четири излезни. Два куршума се задржале во телото. Повредите се во пределот на горниот дел на градниот кош – изјави Милан Ивановиќ директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица. Од таму додаваат дека обдукцијата траела...

НАТО го осуди убиството на Ивановиќ, за Русија тоа е кукавички чин

НАТО го осуди убиството на Оливер Ивановиќ и апелираше сите страни да покажат воздржаност и да им овозможат на правосудните органи да спроведат сеопфатна истрага. „КФОР продолжува да ја гарантира безбедноста, сигурноста и слободата на движење низ Косово“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лонгеску. Таа додаде дека НАТО во целост го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во посредство на ЕУ...

Вучиќ: Убиството на Ивановиќ е терористички акт, бараме учество во истрагата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, е терористички акт и дека Србија ќе бара да учествува во истрагата на Косово. - За Србија ова е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него - изјави Вучиќ на прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност на Србија. Тој...

Мисијата на ОБСЕ на Косово го осуди убиството на Оливер Ивановиќ

Шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, амбасадорот Јан Брату го осуди убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и ги повика правосудните органи да направата сè што е во нивна можност да ги изведат извршителите пред лицето на правдата. Брату изјави дека Ивановиќ речиси две децении бил еден од најистакнатите претставници на косовските Срби, кој неуморно...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...