fbpx

Командантот на КФОР тврди дека ситуацијата на Косово е мирна и стабилна

-

Командантот на КФОР, Салваторе Куочи изјави дека и покрај последните случувања во северниот дел, ситуацијата на Косово е мирна и стабилна.

– По убиството на лидерот на иницијативата СДП, Оливер Ивановиќ на 16 септември, КФОР и другите безбедносни институции се ангажираат да ја одржат ситуацијата мирна – вели Куочи за приштинската агенција „Косовапрес“, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Тој вели дека се сретнал со претставниците на институциите на северот на Косово за да постигнат договор за тоа како заеднички да работата за мирна и стабилна средина.

– Со сите средства се трудиме оваа епизода која се случи да не биде нешто што ќе влијае на општата безбедносна ситуација. Заедно со сите институции, особено со меѓународната седница се ангажиравме да ја одржиме ситуацијата мирна. И нашата проценка е дека безбедносната ситуација е многу добра – вели Куочи.

Таа оценка Куочи, како што вели самиот, ја пренел и на началникот на генералштабот на војската на Србија, Љубиша Диковиќ.

Генералот оценува дека КФОР има многу добра соработка со безбедносните институции на Косово, како и со институциите на земјите од регионот.

Тој вели дека КФОР ќе ја поддржи трансформацијата на безбедносните сили на Косово во вооружени сили, единствено доколку тоа се оствари низ уставни промени.

Генерал Куочи вели дека КФОР не планира да го намали присуството на своите сили на Косово.

– Нема план, нема најави дека ќе има намалување на силите на НАТО на Косово – вели Куочи, додавајќи дека до тоа ќе дојде тогаш кога ќе се процени дека ситуацијата на теренот е подобра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...