fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање Собранието да се распушти на 24 февруари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднеле и предлог-одлука на 24 февруари да се распушти Собранието. Во предлог-одлуката се бара „со оглед на исклучителната важност на ова прашање, одлуката да се донесе на првата наредна седница на Собранието“. Денеска Собранието ненадејно одлучи да свика седница на која на дневен ред се поставени три закони, но неофицијално се очекува на седницата да...

СДСМ: Груевски се плаши од фер и демократски избори

Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изборите да се одржат на 24 април. „Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи. Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што...

Верушевски и Лазаревски денеска си одат дома

Агенцијата за катастар и за недвижности денеска до Основниот суд Скопје 1 доставила известување дека е заведен под хипотека недвижниот имот што Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, обвинети во случајот „Пуч“, го понудија како гаранција за излегување од притвор. По извршените проверки, судот ги доставил известувањето од Агенцијата и правосилната одлука со која притворот на Верушевски и на Лазаревски се...

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Имаме обврска по член 17, член 18 и по член 25 од Уставот на Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на...

Верушевски ноќта ја минал во притвор, денеска можеби ќе си оди дома

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, првообвинет во случајот „Пуч“, ноќта ја минал во притвор во Истражниот затвор „Скопје“, тврдат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1 и од одбраната на обвинетите. На нашето прашање каде е Верушевски во моментов, од судот велат дека тој се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари и...

Судот ги бара од Јанева пасошите на Верушевски и на Лазаревски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 побарал од специјалната обвинителка Катица Јанева да ги достави пасошите на Зоран Верушевски и на Ѓорги Лазаревски за да може да одлучи по предлозите и мислењето во врска укинувањето или замена на мерката притвор на двајцата обвинети во случајот „Пуч“, соопшти денеска Осовниот суд Скопје 1. „Постапувајќи по предлозите на обвинетите, во кои не е...

Тачи е разочаран од одлуката на Брисел и ги повикува граѓаните на протест

Министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, ги повика граѓаните на протест пред канцеларијата на ЕУ во Приштина поради вчерашната одлука на Брисел да не ја одобри визната либерализација на државата. Како што јавуваат косовските медиуми, Тачи тврдел дека против одлуката ќе протестираат „два милиони граѓани“ и дека оваа одлука ќе ги доведе во прашање „тековните процеси“, вклучувајќи го и спроведувањето...

Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, го одборил планот за вклучување на земјата во борбата против Исламска држава во Сирија, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, гласањето по одлуката во германскиот парламент е закажана за утре, среда. По истото прашање, утре, според медиумите, треба да се изјаснат и членовите на британскиот парламент. Вклучувањето на Велика Британија во војната против ИД, за...

Наместо со 500 милиони евра, државата ќе се задолжи со 270 милиони евра

Наместо првично планираните половина милијарда евра задолжување преку еврообврзница, државата ќе се задолжи за 270 милиони евра. Промената на одлуката, Министерството за финансии ја објави во „Службен весник“. Првично планираните средства беа за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и за следната година и за рефинансирање на старите долгови.

Собранието ќе распише оглас за избор на членови на ДИК

Пратениците денеска на пленарна седница ќе треба да ја одобрат одлуката за Собранието да распише оглас за избор на членови на Државната изборна комисија. Во составот на Државната изборна комисија, според новиот Изборен законик, треба да има тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти. Сите заинтересирани кандидати пријавата за учество и лична биографија, како и потребните документи, оригинал...

Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници обвинители, се јави и американската амбасада во Македонија. Од Амбасадата на САД велат дека се загрижени поради одлуката на Советот. „Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на американската амбасада. Реакција за оваа одлука...

„Плејбој“ повеќе нема да објавува фотографии на целосно разголени модели

Магазинот „Плејбој“ одлучил повеќе да не објавува фотографии на целосно разголени модели во своите печатени изданија, објави денеска „Њујорк тајмс“. Одлуката, според информациите на „Њујорк тајмс“, најверојатно била донесена минатиот месец, на состанок на кој присутвувал и основачот и актуелен главен уредник на магазинот, Хју Хефнер. Една од главните причини за редизајн на списанието, според сопствениците, е големата конкуренција од другите...

Странците му се најверниот сојузник на специјалниот обвинител

Расправата што овие три дена ја водат дел од правните експерти, опозицијата и Основниот суд Скопје 1 околу законитоста на суспендирањето на снимките од „бомбите“ на опозицијата како доказен материјал, во „жижата“ на мегданот, за момент, ги фрли и медиумите. Основниот суд Скопје 1 завчера испрати соопштение во кое ја брани одлуката на судијата на претходна постапка, но не испушти да...

Судот си ја брани одлуката за „бомбите“ на опозицијата

По дилемата што се отвори во медиумите и во експертската јавност околу прашањето дали судијата на претходна постапка смеел да интервенира и да ги прогласи за неважечки снимките од „бомбите“ на опозицијата како докази додека предметите се сè уште во преистражна постапка во Обвинителството, од Основниот суд Скопје 1 велат дека одлуката на судијата е законска и во оваа фаза од...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника бидејќи судот постапи законски

Во СДСМ се во поника бидејќи креираните материјали, во согласност со важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски, реагираат од ВМРО-ДОМНЕ на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во која тој одлуката на судот ја оцени како незаконска. „Врз база на законски одлуки, судот утврди дека овие креирани материјали се илегални, што ќе значи...

Амбасада на САД: Владата и партиите да не му ставаат сопки на специјалниот обвинител

Ги повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат какви било дејства што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со целосна автономија, како што е предвидено во договорите од 2 јуни и од 15 јули, стои во денешното соопштение на Амбсадата на Соединетите Американски Држави (САД), откако Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека донел одлука да...

Владата прогласи кризна состојба на северната и јужната граница

Владата на вчерашната седница поради зголемениот прилив на мигранти во државата донела одлука за прогласување на кризна состојба на јужната и северната граница. Ова денеска на прес-конференција го соопшти помошникот-министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, додавајќи дека согласно законските прописи за обезбедување на јужната граница ќе биде ангажирана и Армијата на РМ. Како што соопшти...

Твитер-реакции: „Џе сте хонорарци? Се спремате и вие за избори?“

Лавина реакции ги преплави социјалните мрежи по одлуката на Владата да го укине законот за хонорарци, само неколку месеци по донесувањето и по масовните протести. Граѓаните се задоволни од одлуката, но негодуваат затоа што на Владата дури сега, речиси пред избори, ѝ текна да го укине спорниот закон. Фејсбук статуси: Влатко Васиљ Што е следно пред избори? Владата ќе ги враќа и украдените пари?!?! Радмила Шекеринска...

На Хаваи целосно забранета употребата на пластични кеси

Во американската сојузна држава Хаваи, од вчера стапи на сила одлуката со која целосно се забранува диструбицијата и употребата на пластични кеси во продавниците, јавуваат американските медиуми. Властите на градот и на областа Хонолулу, која во целост го покрива Оаху, најнаселениот остров на Хаваи, донеле одлука со која им се забранува на продавниците да им даваат пластични кеси на своите...

Заев: Не го признавам судот, можат да ме уапсат веднаш

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“. Тој истакна дека нема да се јавува секој понеделник во судот во 9 часот, како и дека нема да присуствува на закажаните рочишта. Според него, поради тоа судот треба да издаде наредба за негово апсење. - Јас ќе бидам во...
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...