fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Прв филмски фестивал посветен на истражувачкото новинарство

Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи (ПИНА) во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе го организира првото издание на Истражувачки филмски фестивал (ИФФС), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во кино „Култура“, Скопје. „Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување на документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од светот. Отворањето на првото фестивалско...

ЗНМ во борба со лажните вести со етичкиот кодекс од 2001 година

Здружението на новинарите на Македонија испрати примероци од Kодексот на новинарите на Македонија до сите медиуми регистрирани во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. „Етичкиот кодекс на ЗНМ беше усвоен во 2001 година и првпат беше дистрибуиран до сите медиуми во земјата. Поради неодамнешните случувања и претстојните локални избори, се појави потребата од негово повторно претставување.Како и во другите професии,...

Во Турција почна судењето на новинарите на кои им се заканува доживотна казна

Во Турција почна судењето на турските новинари и медиумски работници кои се обвинети дека го поддржуваат Фетулах Ѓулен. На обвинетите, кои негираат дека се виновни, им се заканува доживотен затвор. На списокот на обвинети има 31 новинар, односно медиумски работник, а им се суди поради нивната наводна поврзаност со неуспешниот обид за воен пуч во Турција мината година. Меѓу обвинетите се и...

Прибе за медиумите: Пазарот слаб, весниците во лоша состојба, новинарите во уште полоша

„Препораките за медиумите дадени во 2015 година се применети само во ограничен обем, а медиумите сè уште се соочуваат со голем дел од истите предизвици што влијаеја на медиумската сфера години наназад. Сè уште преовладува впечатокот дека медиумите се врзани со политиката или се инструменти на влијателни фигури“, се вели во делот за медиумите во вториот извештај на Прибе. Потсетувајќи...

Хелсиншки комитет: Расизам и ксенофобија на прилепскиот базен „Маркови кули“

Повеќе од 400 лица од Прилеп и од Прилепско од 1 јули годинава на градскиот базен „Маркови кули“ во Прилеп се соочиле со расизам, односно не им било дозволено да го користат базенот поради бојата на кожата. Според Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП), до Комитетот и до здружението „Ромска солза“ од Прилеп, се обратиле повеќе од 400 лица од...

За да добијат бесплатни документи, новинарите треба да објаснат зошто ги бараат

Централниот регистар денеска информираше на кој начин новинарите може да го остварат своето право на бесплатен пристап до информации откако Владата на 26. седница донесе ваква одлука. Во одлуката на Владата стои дека Централниот регистар и Агенцијата за катастар за недвижности треба во рок од 30 дена да им овозможат на новинарите бесплатен пристап до јавните исправи кои ги издаваат...

Новинарските здруженија бараат 30 милиони евра за МРТ од буџетот на државата

Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација доставиле забелешки за нацрт-законот за изменување и за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Новинарските организации сметаат дека еден процент од буџетот на државата треба да се одвои за финансирање...

ССНМ: 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек, кој изнесува 22.808 денари. Ова го покажа новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и во август годинава, користејќи го интернет-сервисот „Survey Monkey“. „ССНМ консултираше 127 медиумски работници, од кои околу 80 отсто работат како новинари, а другите се уредници, фоторепортери,...

Турција издала налог за апсење на 35 новинари

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 35 новинари и други медиумски работници поради сомневање дека се поврзани со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД. Осомничените, наводно, користеле апликации за праќање кодирани пораки кои власта ги смета за средство за комуникација на приврзаниците на Ѓулен. Полицијата во моментов спроведува акции за апсење во Истанбул. Анкара го обвинува...

Полски новинари ја промовираат Македонија како туристичка дестинација

Петмина новинари од Полска ја посетија Македонија за да ги откријат убавините на земјата и да ја промовираат како туристичка дестинација помеѓу полските туристи. Новинарите, кои во Македонија престојуваа од 17 до 22 јули на покана и во органазија на „ТАВ Македонија“, ги посетиле Скопскиот и Битолскиот Регион, како и Охрид. - Имплементирајќи ја неодамнешната успешна маркетинг-активност со турските блогери за...

Во Турција почна судењето на новинарите и на уредниците на „Џумхуријет“

Во Турција почна судењето на седумнаесетте уредници и новинари на опозицискиот весник „Џумхуријет“. Осомничените беа уапсени во октомври минатата година, кога на сила беше вонредната состојба, воведена по обидот за државен удар, извршен на 15 јули 2016 година. Новинарите кои денеска се појавија пред судот би можеле да бидат осудени на затворска казна во траење од седум до 43 години. Во обвинението,...

Спасовски: Полицијата некогаш не презела мерки во врска со нападите врз новинарите

Министерството за внатрешни работи изработило посебна анализа на истрагите за 53 напади на новинари евидентирани од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и утврдило дека во одредени предмети не се остварени дејства и постапки кои требало да бидат преземени во кратки временски интервали за да се добијат валидни резултати. Тоа го нагласил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на...

Советот за етика го осуди попречувањето на екипата на ТВ „Шења“

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ „Шења“ била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува да се преземат неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања. „Новинарите мора да бидат ослободени од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10...

ЗНМ бара повеќе пари за финансирање на МРТ, ССНМ – подобри услови за новинарите

На јавната консултација со новинарските и со медиумските организации посветена на реформите во медиумите, која ја организираше Министерството за информатичко општество и администрација, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, ја критикуваше одлуката на Владата во ребалансот на буџетот да обезбеди само 3,2 милиони евра за финансирање на „Македонската радио-телевизија“ во последните три месеци од 2017...

Пристапот до јавните податоци кај нас е најскап во регионот, велат новинарите

Институциите гледаат на новинарите како на непријатели, а не како на сојузници. Пристапот до јавните дата-бази е скап. За податоците се плаќаат највисоки цени во регионот. Ако, пак, станува збор за некој политички моќник, тогаш институциите дополнително се плашат да ги споделат информациите, велат истражувачките новинари Жанета Хаџи-Зафирова, Сашка Цветковска и Џелал Незири. Тие сметаат дека истражувачките новинари во Македонија...

Новинарските здруженија ги изнесоа барањата за итни медиумски реформи

Група новинарски и медиумски организации до Владата поднесоа барање за спроведување системски медиумски реформи, во кое се нагласени приоритетните законски измени и мерки што треба да се спроведат. Од Владата е побарано да почне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на...

Штрајк на грчките морепловци и новинари

Грчките морепловци и новинари денеска стапија во штрајк, еден ден пред големиот штрајк свикан во знак на протест поради новите мерки за штедење што Грција планира да ги воведе за кредиторите да ѝ ослободат нова транша од заемот. За време на 48-часовниот штрајк, ќе бидат запрени траектите што возат до островите, а новинарите одржуваат еднодневен штрајк, во кој утринава прекинаа да емитуваат телевизиска...

Џафери денеска на средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и со новинари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се сретне со амбасадорите од земјите членки на Европската Унија во земјава, како и со претставници на медиумите. Во сала 5 во Собранието, Џафери во 11 часот ќе се сретне со амбасадорката на Австрија, Ренате Коблер, амбасадорот на Бугарија, Иван Петков, на Хрватска, Данијела Баришиќ, на Чешка, Мирослав Рамеш, претставниците на француската и...

Заев дојде во Обвинителството да даде исказ за насилствата во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово дојде во Јавното обвинителство да даде исказ како оштетен во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, јавува „Телевизија 24“. Во Основното јавно обвинителство Скопје повикани се да дадат исказ и други пратеници што беа нападнати. Како што јавува „Телма“, во обвинителството во текот на денот искази треба да дадат уште шестмина пратеници...

МВР и АРМ да сносат одговорност поради непрофесионалност во Собранието, бараат од ДР-ДПА

Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, да понесат правна и институционална одговорност поради тоа што не постапиле професионално во Собранието каде што физички беа нападнати пратеници и новинари. Ова денеска на прес-конференција го побараа од Движењето за реформи на ДПА, кои го осудија учеството на припадници на АРМ и на МВР, како што рекоа, во насилничкиот и крвавиот...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...