fbpx
Таг: лустрација

таг: лустрација

Уставен суд го отфрли барањето од Милошоски за обвинението за „Моќник“

Уставен суд соопшти дека го отфрлил барањето за заштита на слободи и права поднесено од пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој како повреда на неговите слободи и права го сметал обвинението поднесено против него во случајот Моќник. „Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и...

Итно да се поништи лустрацијата, апелираат невладините организации

Итно, пред распуштање на Собранието, да се донесе законот за ништовност и поништување на правните последици од лустрацијата, апелира Блупринт групата за реформи во правосудството. Со предлог-законот, што Владата го усвои на 24 декември, се поништуваат правните последици на лустрацијата и се предвидува обесштетување за лустрираните. Но, предлог-законот е заглавен во собраниска процедура, а на неговото донесување се противат...

Ефекти од лустрацијата: 30.000 проверени, 204 лустрирани, 80 уште со име на списокот, 78 починати…

Вкупно 204 лица, од кои 80 со име и презиме, биле на последната верзија на Регистарот на Комисијата за лустрација, која од 2009. до 1 септември 2015 година утврдуваше дали кандидати за носители на јавна функција, сегашни или поранешни носители на јавна функција соработувале со органите на државната безбедност од 1944 до 2006 година. Владата во вторникот на својата...

Владата ќе ја поништува лустрацијата и ќе ги обесштетува лустрираните

На вчерашната 172 седница, Владата го утврдила текстот на Предлог-законот за поништување на сите решенија за лустрација, како и обесштетување на лустрираните. Ако се изгласа вчера предложениот текст, стануваат ништовни сите решенија на Комисијата за верификација на фактите, што беше формирана во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која е коалициски партнер и во новата власт. „Со новото предложено решение,...

Мијатовиќ: Позитивен чекор е отфрлањето на лустрацијата на Костова

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, ја поздрави одлуката на Управниот суд во Скопје за укинување на одлуката за лустрација на главната уредничка на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова. - Одлуката на Управниот суд за отфрлање на обвиненијата против Костова е позитивен чекор кон обезбедување ефективна рамнотежа меѓу целта на лустрацијата и целта за создавање слобода на медиуми во земјата...

Управниот суд ја поништи лустрацијата на уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 година, Комисијата нема мандат да поведува нови постапки. Пресудата со која Управниот...

Лустрацијата на Трендафил Ивановски падна на Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права ја објави пресудата со која се утврдува дека во случајот на лустрираниот судија Трендафил Ивановски постои повреда на членот 6 и на членот 8 од Европската конвенција за човекови права, објави „Нова ТВ“. Европскиот суд за човекови права смета дека постоела повреда на членот 6 и на членот 8 од Европската конвенција за човекови права,...

Од 1 септември се укинува лустрацијата

За десетина дена, односно на 1 септември и официјално ќе се стави крај на процесот на лустрацијата. Ова е предвидено со законското решение кое на предлог на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ денеска, со мнозинство гласови го изгласаа пратениците во Собранието. Укинувањето на Законот за лустрација доаѓа по бројните критики дека процесот се користи за политичка пресметка со неистомислениците...

Законот за завршување на лустрацијата го помина првото читање во Собранието

Предлог-законот за завршување на процесот на лустрација, односно за престанување на важењето на Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, денеска помина во првото читање во Собранието. Предлагачи на Законот со кој завршува лустрацијата се пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Талат Џафери и Рафис Алити од Демократската унија за интеграција (ДУИ). - Сите акти...

Власта бара од септември да се укине лустрацијата

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во Собранието поднесоа предлог-закон за престанување на важење на Законот за лустрирање, кој треба да престане да важи од 1 септември оваа година. Комисијата за верификација на факти од први септември нема мандат за поведување нови постапки за лустрација. Со законот се запираат сите почнати постапки за кои до 1 септември 2015 година...

Мијатовиќ до Аџиев: Лустрацијата да не се користи како алатка за притисок врз критичките гласови

Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ за слободата на медиумите, денеска изрази загриженост за одлуката на Комисијата за верификација на фактите да ја прогласи Јадранка Костова, уредничка на неделникот „Фокус“, за соработник на тајните служби. Мијатовиќ му напишала писмо на Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, во кое вели  дека не треба лустрацијата да се користи како алатка...

ЗНМ: Власта ја злоупотребува лустрацијата за пресметка со критичките новинари

Со актуелизирањето на лустрацијата на новинари, власта сака да го дефокусира вниманието на јавноста од сериозната политичка криза во која се наоѓа земјата, се вели во писмената реакција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во врска со решението со кое Комисијата за верификација на фактите ја прогласи новинарката Јадранка Костова за соработник на тајните служби. „Лустрација на новинари во време...

Трајковска: Можеме да бидеме злоупотребени од кој било службеник

Новинарката Оливера Трајковска по средбата со претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, рече дека разговарале за специфичноста на новинарската работа. - Ние отидовме да поразговараме со Аџиев за тоа дали Комисијата воопшто има разбирање за спецификите на нашата професија и за тоа како нашите контакти што ги остваруваме во текот на нашата работа можат да се најдат...

Протест на „Новинарски пленум“ пред комисијата за лустрација

Педесетина членови на неформалната организација „Новинарски пленум“ денеска протестираат пред седиштето на Комисијата за верификација на факти поради лустрацијата на главната и одговорна уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова. Новинарите, со транспаренти на кои се испишани слогани „Новинарството во ендек“, „Лоши одлуки носат лоши луѓе“, „Фрустрациска комисија“, „Томе, ме зезаш?“, бараат средба со претседателот на Комисијата, Томе Аџиев. Новинарите Борјан Јовановски, Оливера...

Лустриран Јорданчо Чеврески

Комисијата за верификација на фактите денеска на својата интернет-страница објави дека утврдила соработка со службите за државна безбедност на Јорданчо Чеврески, како член на Совет на Македонска радио-телевизија. Според комисијата, Чеврески како соработник на СДБ бил заведен под псевдоним „Тајњц“. Меѓу новите лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека биле соработници на тајните служби се и Саре Ошафковски,...

Спасов и Дамчевски ќе ја обжалат одлуката на лустраторите

Поранешниот министер за правда и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, бил соработник на органите за државна безбедност, објави Комисијата за верификација на фактите. Во документите, објавени на веб-страницата, се наведува дека Спасов доставувал податоци до службите за неколку македонски граѓани. Спасов ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека Комисија одамна е претворена во тело за политички прогон на...

За да платат данок, професорите не се јавни функционери, а за лустрација – се!

Според еден закон, професорите и лекарите се носители на јавни функции, додека според друг - не се. Ако се суди според досегашните изјави на Томе Аџиев, претседателот на Комисија за верификација на фактите, професорите треба да бидат подложни на лустрација и на последиците од неа, додека, пак, според ПИОМ, тие најверојатно нема да бидат во оние граѓани што се...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...