fbpx

Трајковска: Можеме да бидеме злоупотребени од кој било службеник

-

Новинарката Оливера Трајковска по средбата со претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, рече дека разговарале за специфичноста на новинарската работа.

– Ние отидовме да поразговараме со Аџиев за тоа дали Комисијата воопшто има разбирање за спецификите на нашата професија и за тоа како нашите контакти што ги остваруваме во текот на нашата работа можат да се најдат во архивите на МВР. Можеме да бидеме злоупотребени од кој било службеник, кој по нашите контакти може да си направи каква било белешка. Одговорот што го добивме од Аџиев беше очекуван, а тоа беше дека сè е според законите и дека одлуката за Јадранка Костова е донесена со надгласување, односно со мнозинство гласови и е основана – изјави Трајковска.

Таа вели дека новинарите нема да бидат изненадени ако во Kомисијата постои список, зацртан, напишан и препишан од нечие тефтерче, за тоа кои новинари ќе бидат предмет на работа на комисијата и, како што вели, тој список можно е да е веќе пред вратата. Иако Аџиев тоа го демантирал, тој рекол дека ако добие материјали, ќе ги земе во работа и ќе се донесе одлука.

– Ова е тежок период за нас и мора да се издржи. Ние допрва треба да го изградиме нашиот став за поведението на Kомисијата. Ако се погледне досегашната работа на Kомисијата ќе се види дека лустрација се водела за сите периоди освен за времето на експертската влада. Од ова произлегува дека тогаш никој не бил наредбодавец во МВР и никој не ги злоупотребил човековите права. Тоа само покажува како работи оваа комисија – вели Трајковска.

Таа вели дека случајот со Јадранка Костова е само обид да се преврти историја која е градена токму во оваа куќа, а тоа е емисијата „Без наслов, но со повод“, која ги покриваше сите битни политички настани во тоа време, да се прогласи за кодошко дувло.

Решението за Костова било донесено во четвртокот, но Аџиев не сакал да разговара за детали сè додека тоа не е официјално објавено на веб-страницата на Комисијата за верификација на факти.

Се очекува досието да се објави откако новинарите ќе си заминат од пред телевизијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...