fbpx

За да платат данок, професорите не се јавни функционери, а за лустрација – се!

-

Според еден закон, професорите и лекарите се носители на јавни функции, додека според друг – не се. Ако се суди според досегашните изјави на Томе Аџиев, претседателот на Комисија за верификација на фактите, професорите треба да бидат подложни на лустрација и на последиците од неа, додека, пак, според ПИОМ, тие најверојатно нема да бидат во оние граѓани што се ослободени од плаќање дополнителни давачки за социјално осигурување.

ПИОМ неодамна ја објави процедурата за дополнително социјално осигурување за лица кои склучиле договор на дело. Според правилникот, должност за плаќање дополнителни придонеси нема да имаат оние граѓани што најмногу заработуваат. Меѓу нив се професионалните спортисти, функционерите, пратениците, советниците и други носители на јавни функции (избрани или именувани).

Досега од ПИОМ не добивме одговор, дали под носители на јавни функции (избрани или именувани) ги вбројуваат и универзитетските професори и лекарите.  Ако државата одлучи да не ги ослободи професорите од дополнителни давачки, тогаш ќе мора да ги извади од листата на лица што се подлежни на лустрација бидејќи, според претседателот на Комисијата за верификација на фактите, професорите се носители на јавни функции.

Според професорот по управно право, Темелко Ристовски, професорите не се носители на јавни функции и нема зашто да бидат изземени од плаќање осигурување за хонорарите, но тој вели дека законските решенија мора да бидат усогласени.

– Законодавството мора да биде усогласено, што значи дека не може еден закон да ги третира професорите како носители на јавни функции, а друг не. Ако професорите не се изземени од плаќањето дополнителни надоместоци, тогаш тоа е доказ дека професорите не се носители на јавна функција и не треба да се лустрираат – вели Ристовски.

Тој додава дека во поширока смисла на зборот, секој врши некаква јавна функција, но во потесна смисла, тоа се само оние кои имаат управна функција.

Истата дилема е и за лекарите, кои подлежат на лустрација, а ќе мораат да плаќаат дополнителни давачки за осигурувањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...