fbpx

Мијатовиќ до Аџиев: Лустрацијата да не се користи како алатка за притисок врз критичките гласови

-

Дуња Мијатовиќ, претставничка на ОБСЕ за слободата на медиумите, денеска изрази загриженост за одлуката на Комисијата за верификација на фактите да ја прогласи Јадранка Костова, уредничка на неделникот „Фокус“, за соработник на тајните служби.

Мијатовиќ му напишала писмо на Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, во кое вели  дека не треба лустрацијата да се користи како алатка со која ќе се врши притисок на критичките гласови.

„Земајќи предвид дека „Фокус“ веќе е под притисок, вклучувајќи бројни тужби за клевета и за навреда кои му нанесуваат голема штета на списанието и на неговите новинари, на одлуката на Комисијата може да се гледа како на вршење притисок, загрозување на медиумот што може да има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите во земјата“, напишала Мијатовиќ.

Мијатовиќ ќе продолжи да ја набљудува одблиску ситуацијата и нејзиниот понатамошен развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...