fbpx
Таг: изборен законик

таг: изборен законик

Грчката влада не обезбеди поддршка за новиот изборен закон

Грчкиот парламент денеска на полноќ ќе гласа за новиот изборен закон со кој се предлагаат клучни измени во начинот на кој владејачката партија влегува во законодавниот дом. Владејачката коалиција на СИРИЗА и на Независни Грци предлага укинување на бонусот од 50 пратеници за победничката партија на парламентарните избори и проширување на возрасната граница на гласачи со тоа што ќе...

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за Изборниот законик

Уставниот суд на денешната седница не ја прифати и не поведе постапка по иницијативата за утврдување на уставноста и на законитоста на дел од измените на Изборниот законик, донесени во ноември минатата година, а во согласност со Договорот од Пржино. Иницијативата беше поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, кон крајот на минатата година, кратко по донесувањето...

Ципрас го поднесе новиот изборен закон за уникување на бонусот од 50 пратеници

Грчката влада го поднесе до собранието новиот предлог за измени на изборниот закон. Владата на СИРИЗА и на Независни Грци предлага закон со две клучни точки – укинување на бонусот од 50 пратеници што го добива победничката партија на изборите и намалување на возрасната граница за гласање од 18 на 17 години. Со ова и учениците во средните училишта на...

Уставниот суд в среда ќе ги разгледува пржинските измени на Изборниот законик

Уставниот суд на следната седница, закажана за среда, меѓу другите точки ставени на дневен ред, ќе ја разгледува и иницијативата за уставноста и за законитоста на дел од измените на Изборниот законик, донесени во ноември, минатата година, а во согласност со Договорот од Пржино. Оспорените членови и пасуси од измените на Изборниот законик, според она што е објавено на интернет-страницата...

Министерство за финансии: Буџетот на ДИК е намален бидејќи нема датум за избори

Намалувањето на буџетот на ДИК е затоа што засега нема предвидено датум за одржување избори, велат од Министерството за финансии по информациите дека со ребалансот на буџетот парите со кои располага Државната изборна комисија се намалуваат за 400 милиони денари. Од повеќе од 531 милион денари на почетокот на годината, сега ДИК останува со буџет од речиси 104 милиони денари. - Кога се правеше и се усвојуваше...

Иванов експресно ги потпиша законите за селективна аболиција и за „бомбите“

Претседателот Ѓорге Иванов ги добил и веќе ги потпишал законите кои пратениците ги изгласаа на вчерашната седница на Собранието. Законите влегуваат во сила кога ќе објават во Службен весник. Пратениците на вчерашната седница ги изгласаа законите за помилување („селективна аболиција“), за заштита на приватноста („бомбите“ да не се објавуваат после 1 јули 2017), за лични податоци и законот за изменување и...

Пратениците денеска ќе расправаат за неколку закони по скратена постапка

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска свика уште една седница на која треба да се расправа за шест закони. Подносители на сите закони се координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Илија Димовски и Талат Џафери. Предвидено е за сите предлог-закони да се расправа по скратена постапка. Иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување не...

Џафери: Секој нормален пратеник ќе гласа за бришење на 5 јуни од Изборниот законик

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери денеска до Собранието поднесе предлог - измени на Изборниот законик со кои се бришат членовите во Законот каде што се напишани датумите за одржување на изборите. Џафери за „Мета“ вели дека во предлог - измените на законот нема нов датум, бидејќи за тоа одлучуваат лидерите на...

Интернет-порталите пак куртулија од надзор за време на изборите

Првпат во независна Република Македонија од денот на распишување на изборите, според Изборниот законик, покрај радиодифузерите, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, е воведена контрола и врз електронските медиуми (интернет-порталите). Оттогаш за сите медиуми почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во јануари годинава ја усвои „Методологијата за...

Нови правила (и казни) за сите медиуми од денот на распишување на изборите

Од денот на распишување на изборите, што според најавите на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, најверојатно ќе се случи на 15 април, за медиумите почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Според независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска, ако во целост се имплементира Изборниот законик, тој е добра можност за регулирање на медиумите во предизборниот период. - Во...

Сите чекаат ДИК да пресече за изборите, а Комисијата не ја прифаќа таа одговорност

Ниту една политичка партија и институција нема храброст да пресече и да каже дали се исполнети или не се исполнети условите за на 5 јуни да се одржат предвремени парламентарни избори, а денеска е последниот рок за распуштање на Собранието. Пратениците денеска гласаат за неколку закони предложени од СДСМ и по завршувањето на седницата, претседателот Трајко Вељаноски ќе треба да...

Груевски: СДСМ го менува ставот за законот за помилување, не ВМРО-ДПМНЕ

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за помилување останува ист како и во 2009 година кога поднесовме измена на законот со која што побаравме укинување на одредени можности на претседателот поврзани со помилувања на одредени категории на лица“, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Клиниката за гинекологија. Коментирајќи ги најавите на опозицијата дека ќе се приклучи на...

СДСМ: И Ѓорге Иванов знаел да зборува!

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски денеска рече дека и жителите на Гостивар масовно пријавуваат неправилности во избирачкиот список. Тој вели дека клучно во наредниот период е Државната изборна комисија да направи и теренска проверка со што ќе се отстранат неправилностите од избирачкиот список. - Нерегуларностите во избирачкиот список ги создаде бандата на Никола Груевски, Мијалков и Ставрески за да ги крадат изборите....

ДЗЛП: Објавувањето на адресите во избирачкиот список е во согласност со законот

Објавувањето на адресите на гласачите во електронскиот увид на избирачкиот список е во согласност со Законот за заштита на личните податоци, велат за „Мета“ од Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во дописот од дирекцијата стои и дека ДЗЛП веќе ѝ укажала на Државната изборна комисија да не го користи матичниот број на избирачите во избирачкиот список и да им овозможи...

Фантомски гласачи, мртви души и преполни станови на избирачкиот список

Низа нерегуларности открија граѓаните при проверка на личните податоци во избирачкиот список преку веб-апликацијата што од вчера е достапна на официјалната страница на Државната изборна комисија. Граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека на нивните адреси живеаат луѓе кои тие не ги познаваат, дека на списокот има починати лица и дека има лица кои повеќе години се иселени од Македонија. Освен тоа,...

Грчева: Ниту со овој Изборен законик нема надеж за плурализам

Точно е дека оваа политчка криза требаше да заврши со договор, но спорна е процедурата и голем број одредби од Изборниот законик, рече независната пратеничка Солза Грчева на пленарната собраниска седница на која се расправа за Изборниот законик. Според Грчева, Изборниот законик не остава простор за плурализам и за праведен натпревар меѓу сите политички партии. - Исто како во народната изрека „Сложни браќа...

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино. „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“, напиша Хан на својот твитер-профил. Ова е трета посета на еврокомесарот на Македонија во...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии. Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот...

Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство. Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, Аднан Јашари, кој треба да...

Хојте: Ова не е војна, партиите мора да направат компромис

Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, попладнево, додека сè уште траат преговорите за изборната регулатива, им порача на партиите дека мора да направат компромис. - Партиите мора да сфатат дека не може да добијат сè. Во нормалниот свет, кога се прави компромис, се откажуваш од одредени работи за да добиеш нешто за возврат. Не можете да добиете сè и тоа сакам...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...