fbpx
Таг: генерал

таг: генерал

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел. Состанокот е од саботата и беше...

Командантот на КФОР ги повика српската и косовската страна да преземат одговорност наместо да се кријат зад лажни наративи

Бројот на ранети војници на КФОР за време на вчерашните немири во Звечан се искачи на 30, информираат од оваа мисија. Меѓу нив се 11 војници од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, пишува KoSSev. Како што прецизираат од КФОР, војниците се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од „импровизирани експлозивни направи“. КФОР соопшти дека тројца унгарски...

Не е вистина дека генералот Залужни носел нараквица со свастика

Залужни на повеќе фотографии се појавува со истата нараквица, меѓутоа на неа не е претставена свастика, како што се тврди во постот, туку скандинавски симбол. Оваа фотографија, инаку, е објавена уште на 17 март 2022 година од страна на Министерството за одбрана на Украина. Странски проверувачи на факти нашле ваква нараквица на онлајн продажба во онлајн продавница. Станува збор...

Петровска на средба со сер Берни Вајт-Спунер: Европската интеграција е и безбедносно прашање од највисок приоритет

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со пензионираниот генерал на британската армија и член на „Охридската група“, сер Берни Вајт-Спунер со кого разговараше за европската перспектива на регионот и за новата безбедносна реалност на европскиот континент. Петровска порача дека имајќи ја предвид новата безбедносна реалност, европската интеграција е потребна повеќе од кога било и дека пример за тоа...

Генерал на САД: Руска инвазија на Украина би предизвикала голем број жртви

Највисокиот генерал на САД, Марк Мајли, вчеравчер на прес-конференција во Пентагон порача дека евентуална руска инвазија на Украина би била нешто „грозоморно“ и би предизвикала значителен број жртви. Истовремено, тој го отслика распоредувањето на 100.000 руски војници близу границата со Украина како најголем таков маневар по Студената војна, јави Би-би-си. На прес-конференцијата, генералот Мајли, кој е највисокиот воен советник на...

Генерал Ѓурчиновски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Атина

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во Република Грција денес во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови. Како што соопштија од Генералштабот, на ова заседание, началниците на Генералштабови на Армиите на 30-те земји-членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО,...

Армијата доби нови 125 професионални војници

Армијата на Република Северна Македонија од денеска во своите редови има нови 125 професионални војници, прва од двете планирани класи за оваа година. Минатата година беа примени 375 нови професионални војници. На свеченоста во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, истакна дека со приемот на овие 125 професионални војници, се подмладува армискиот состав, а се...

Скапароти: Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО

Вашата држава гради светла иднина и напредува. НАТО ја споделува вашата посветеност на демократијата, владеењето на правото, како и безбедноста и стабилноста во регионот. Вашата континуирана поддршка е важна не само за Западен Балкан, туку за цела Европа. Со нетрпение очекувам да станете 30. членка на НАТО, порача командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда...

Командантот на НАТО за Европа, генерал Скапароти во посета на Македонија

Командантот на Командата на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти денеска престојува во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Претходно, генерал Скапароти официјално ќе биде пречекан во Министерството за одбрана, каде ќе има средба со делегација на МО и Армијата, предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска....

Генералот Величковски ќе говори во Конгресот на САД за безбедноста на регионот

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски од утре ќе оствари работна посета на Соединетите Американски Држави, информираат од Генералштабот на АРМ. Во соопштението се вели дека Величковски ќе оствари повеќе средби на високо ниво во здружениот штаб на Вооружените сили (ВС) на САД во Пентагон и во одделот за мировни операции на Обединетите нации (ОН). „Величковски пред претставници на Конгресот...

Генерал на руската тајна служба уапсен за мито

Руските власти го уапсија генералот на Федералната служба за заштита (ФСО), Генади Лопирев, поради сомневање дека примал мито. ФСО е задолжена за осигурување на личната безбедност на претседателот на Русија, Владимир Путин, и други руски официјални лица. Лопирев кој бил на чело на секторот на службата во регионот на Северен Кавказ, се наоѓа во притвор и е под истрага. Тој најверојатно...

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател и наш херој го прифати...

Ердоган обвини американски генерал дека е на страната на пучистите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше забалешките на американскиот генерал Џосеф Вотел околу неуспешниот обид за државен удар и го обвини генералот „дека е на страната на заговорниците“, јавуваат светските медиуми. Генералот Вотел, кој е на чело на Централната команда на вооружените сили на САД, вчера изјави дека затворањето на некои воени лидери може негативно да влијае на...

Севернокорејски генерал пребегал во Јужна Кореја

Севернокорејски генерал со две ѕвездички минатата година побегал во Јужна Кореја и со тоа станал највисок воен офицер од Пјонгјанг кој пребегал, соопшти денеска јужнокорејската влада. Во соопштението, во кое не се открива идентитетот на офицерот, се наведува дека бил вработен во севернокорејскиот Главен разузнавачки уред и бил задолжен за шпионирање на Сеул, пренесува јужнокорејската агенција „Јонхап“. Информацијата ја потврдија портпаролите...

Бридлав: Русија и Сирија ја претворија бегалската криза во оружје против Западот

Главниот командант на НАТО-силите, американскиот генерал Филип Бридлав, предупреди дека Русија и Сирија ја претвориле бегалската криза во оружје против Западот. Според него, бранот од стотици илјади мигранти од Сирија во Европа имал дестабилизирачки ефект од Балканот до Скандинавија. - Руската интервенција во борбите во Сирија го усложни проблемот и ја смени динамиката во воздух и на копно. И покрај...

Генерал Патрик де Русиер во посета на Македонија

Од денеска во дводневна посета на Македонија ќе престојува претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Патрик де Русиер. Генерал Русиер ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средби со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски. За утре се планирани средби со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот...

Прекинати мировните преговори во Колумбија

Мировните преговори со Револуционерните вооружени сили на Колумбија во Хавана се суспендирани од колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос. Преговорите почнаа по грабнувањето на воениот генерал, со што се доведени во прашање напорите за крај на 50-годишната војна. Генералот Рубен Дариј Алсате, кој е командант на новофоримираните специјални сили „Титан“, вчера беше грабнат од припадници на силите, заедно со уште еден...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...