fbpx

Генерал на руската тајна служба уапсен за мито

-

Руските власти го уапсија генералот на Федералната служба за заштита (ФСО), Генади Лопирев, поради сомневање дека примал мито.

ФСО е задолжена за осигурување на личната безбедност на претседателот на Русија, Владимир Путин, и други руски официјални лица.

Лопирев кој бил на чело на секторот на службата во регионот на Северен Кавказ, се наоѓа во притвор и е под истрага. Тој најверојатно бил фатен на дело додека примал мито.

Истрагата утврдила дека со себе носел голема сума  пари, повеќе од 15,5 милиони долари.

Генералот би можел да се соочи со казна затвор од 15 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...