Генерал на САД: Руска инвазија на Украина би предизвикала голем број жртви

Плоштадот на независноста во Киев, централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. Фото: Кабинет на претседател на РСМ, 24 август 2021

Највисокиот генерал на САД, Марк Мајли, вчеравчер на прес-конференција во Пентагон порача дека евентуална руска инвазија на Украина би била нешто „грозоморно“ и би предизвикала значителен број жртви. Истовремено, тој го отслика распоредувањето на 100.000 руски војници близу границата со Украина како најголем таков маневар по Студената војна, јави Би-би-си.

На прес-конференцијата, генералот Мајли, кој е највисокиот воен советник на претседателот на САД, Џо Бајден рече дека опсегот на руските воени сили крај границата со Украина значи дека последиците од евентуален напад би биле жестоки.

„„Ако тоа се „истури“ врз Украина, ќе биде значително, многу значително и ќе резултира со значителна бројка жртви“, порача началникот на заедничките генералштаби.

Од друга страна, Русија и претходнава седмица, како и порано, негира дека има планови да изврши инвазија и посочува дека поддршката од САД за Украина претставува закана за Русија.

Истовремено, Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, порача дека се уште има можност преку дипломатски напори да се избегне конфликт, и рече дека САД се посветува на помагање на Украина да се брани самата, преку обезбедување дополнително оружје.

„Конфликтот не е неизбежен. Уште има и време и простор за дипломатија. Нема причини оваа ситуација да прерасне во конфликт. Тој може да ги отповика војниците “, рече Остин, повикувајќи го претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја де-ескалира ситуацијата.

Претседателот на САД, Џо Бајден, вчера рече дека ќе испрати ниска бројка војници во Источна Европа во „брз рок“, за да го засили присуството на НАТО во регионот, но не прецизираше каде тие војници ќе бидат распоредени, ниту кога ќе се случи тоа.