fbpx

Генерал Ѓурчиновски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Атина

-

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во Република Грција денес во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови.

Како што соопштија од Генералштабот, на ова заседание, началниците на Генералштабови на Армиите на 30-те земји-членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО, имплементацијата на воено-одбранбените концепти и иницијативата „НАТО 2030“, како и за идните предизвици на Алијансата.

„На сесиите со кои раководи претседавачот на ВК, Адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат и  Врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, генералите Тод Вотерс и Андре Ланата“, се вели во соопштението.

Армијата на Република Северна Македонија со спроведување на активностите во сите области кои се во надлежност на Армијата, интензивно работи на достигнување на дадените цели за целосна интеграција со НАТО во предвидениот рок. Воедно со постојано учество на големите меѓународни вежби и мировните операции на НАТО значајно придонесува во сите НАТО активности за што е препознаена како респектабилен сојузник.

Воениот комитет на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состаноци во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји-членки.

Началникот на Генералштабот за време на престојот во Атина во текот на вчерашниот ден остварил средба со Амбасадорката на Република Северна Македонија во Грција, Н.Е. Лидија Бошковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...