УЈП: Граѓаните електронски да се регистрираат на системот за е-персонален данок


Скопје, 12 септември, 2018 - 13:30 (META) 

Сите физички лица кои во текот на 2018 година имаат остварено приход, вклучувајќи и оние што примиле само плата и пензија, треба електронски да се регистрираат во Управата за јавни приходи на системот Е-персонален данок, велат од таму.

УЈП ги повикува граѓаните тоа да го направат поскоро и да не се чека крајниот рок 31 декември 2018 година.

Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход заради прием на пополнетата годишна даночна пријава што од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП.

Физичките лица ќе треба електронски да се пријават на системот e-pdd.ujp.gov.mk. Откако електронски ќе се пријават на системот потоа си ги потврдуваат податоците во УЈП.

Пополнетата годишна даночна пријава преку електронскиот систем УЈП треба да ја достави до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година, а граѓаните ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците од пополнетата даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година. Во електронскиот систем досега се регистрирани 13 илјади граѓани.


УЈП ја објави новата листа на должници


Скопје, 12 јули, 2018 - 11:46 (META) 

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници брoj седум, за долгови доспеани до 31 март и неплатени до 30 јуни по основ на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници објавени се 2.069 правни лица и 1.812 физички лица. Вкупно објавениот нето-долг изнесува околу 164 милиони евра, што е повеќе за 1,5 милиони евра од претходната листа.

На листата се најдоа и голем број јавни претрпијатија и државни компании помеѓу кои „Македонија пат“ (383 милиони денари), „Еурокомпозит“ (129 милиони денари), „Македонската радио телевизија“ (101 милион денари), „МЖ-инфраструктура“ (36 милиони денари), Општина Карпош (32 милиони денари).


МЗШВ презема мерки за заштита на шумите од пожари


Скопје, 11 август, 2017 - 16:56 (META) 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека министерот Љупчо Николовски презел низа мерки, меѓу кои и тоа што дал согласност за делумна, а потоа и за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови од 5 август до нејзино отповикување.

Од Министерството, исто така, потсетуваат дека Владата во согласност со Законот за управување со кризи, донесе одлука за постоење на кризна состојба заради превенција и справување со пожарите на подрачјата Македонски Брод и Чашка.

„Министерот Николовски ги зајакна капацитетите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ) и му наложи, покрај редовните контроли, да изврши и вонредни контроли врз работата на ЈП „Македонски шуми“, управувачите на заштитените подрачја и приватните сопственици на шуми. По барање на министерот Николовски, шумската полиција ги зајакна контролите на терен, кога беа прогласени делумни и целосни забрани за движење во шума. Се евидентираа сите лица затекнати во шума и истовремено им се укажуваше за опасноста од појава на пожари“, се вели во соопштението.

Од министерството велат дека правните и физичките лица кои преку вршење на својата дејност предизвикуваат шумски пожари, се должни да ја надоместат штетата на субјектите кои стопанисуваат со шумите, како и сопствениците на шуми.

„Сите ангажирани лица од надлежните претпријатија даваат сè од себе за брзо и ефикасно гаснење на пожарите, за дел од кои постои сомнеж дека се намерно подменати“, се додава во соопштението.


УЈП објави нова листа на должници


Скопје, 11 август, 2017 - 12:16 (META) 

Управата за јавни приходи (УЈП) објави нова листа на должници за долгови доспеани до 31 април и неплатени до 31 јули, на основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата има повеќе од 4.000 должници, меѓу кои има државни компании, но и познати бизнисмени и приватни компании.


УЈП ја објави новата листа на даночни должници


Скопје, 11 април, 2017 - 10:51 (META) 

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници на која се наоѓаат 4.251 фирма и физички лица кои имаат долгови доспеани до 31 декември 2016 година и неплатени до 31 март 2017 година врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Најголем должник на листата со 11,1 милиони евра е охридски „Отекс“, кој не платил данок на додадена вредност и данок на добивка.

На листата се и голем број јавни претпријатија, како, на пример, „Македонија пат“ кое должи околу осум милиони евра.

„Македонската радио-телевизија“ должи 1,4 милиони евра.


Царината минатиот месец поднела 10 кривични пријави против 14 лица и пет фирми


Скопје, 5 април, 2017 - 12:10 (META) 

Царинската управа на Република Македонија, постапувајќи по констатирани неправилности, во март годинава до надлежните јавни обвинителства поднела 10 кривични пријави против 14 физички и пет правни лица.

Како што соопштуваат од Царината, пријавите се поднесени за неовластено производство и пуштање во промет на накротични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, за криумчарење, фалсификување пари, фалсификување исправа, царинска измама и за недозволено пренесување акцизни стоки.

Меѓу осомничените, како што стои во соопштението, се и тројца македонски државјани, кои се товарат за обид за шверц на 10 килограми марихуана. Дрогата била откриена во патничка торба, во автобус кој сообраќал на линијата Гостивар – Женева и во кој патници биле тројцата осомничени.

Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена и против српскиот државјанин кој на средината од минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце, откако кај него беа пронајдени фалсификувани евра во вкупна вредност од 27.700 евра. Тој, врз основа на предлог-спогодба со Основниот суд Куманово, бил осуден на условна затворска казна од две години, која нема да се изврши доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело.

Кривични пријави се поднесени и за фирми од Прилеп, Битола, Кичево и за две фирми од Скопје, а се товарат за фалсификување исправа, царинска измама и за недозволено пренесување акцизни стоки.


УЈП ја објави новата листа на должници


Скопје, 14 декември, 2016 - 15:02 (META) 

Управата за јавни приходи ја објави најновата 12. листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 4.570 компании и граѓани.

Станува збор за субјекти кои должат за данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, продонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На списокот се оние кои имаат долгови доспеани за плаќање до 31 август, а се неплатени до 30 ноември.

На листата се објавени имиња на физички лица и самостојни вршители на дејност чиј долг е повисок од 120.000 денари и на правни лица за долг повисок од 300.000 денари.


Во Црна Гора живеат 47 милионери


Подгорица, 2 ноември, 2016 - 13:51 (META) 

Во Црна Гора живеат 47 милионери, додека 206 компании  имаат депозити, односно заштеда поголема од еден милион евра, покажуваат податоците на централната банка на таа земја.

На крајот од третиот квартал годинава, вкупната заштеда на физичките лица во Црна Гора изнесува 1,5 милијарди евра, односно 52 проценти, додека депозитите на правните лица изнесуваат 1,4 милијарди евра, што претставува 48 отсто од вкупните депозити во системот.

Вкупните заштеди се речиси една милијарда евра од буџетот на Црна Гора проектиран за оваа година.


Повеќе од 4.000 компании и граѓани на новата листа на должници на УЈП


Скопје, 12 септември, 2016 - 10:47 (META) 

Повеќе од 4.000 компании, меѓу кои државни и приватни претпријатија, како и граѓани, се најдоа на новата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавена на нејзината веб-страница.

Новата листа на должници бр. 08/2016 е за долгови доспеани до 31 мај и непелатени до 31 август врз основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително осигурување, акцизи и царини.

Износот на долговите на должниците е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.


Во јуни се издадени 274 одобренија за градење


Скопје, 15 август, 2016 - 14:21 (META) 

Во јуни се издадени 274 одобренија за градење што е за 47,3 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.405 372.000 денари што е за 52,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 174 се наменети за објекти од високоградба.

Од вкупно 274 објекти, како инвеститори на 169 објекти се јавуваат физички лица, а на 105 објекти инвеститори се деловни субјекти.