Фото: Љупчо Џамбазовски на Unsplash

Поради зголемениот број на заболени од ковид-19 на подрачјето на Општина Охрид,  од денеска, 11 март, опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки. Оваа мерка, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, се воведува за поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот и за да се обезбедат услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот, соопштуваат од Општината.

„Се известуваат граѓаните дека, покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат потреба од општински услуги, ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб-страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат“, стои во соопштението на Општината.