fbpx
Таг: дивеење

таг: дивеење

За половина час: украл автомобил, удрил во жена, избегал, а потоа удрил во метална ограда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, кој не само што предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици, туку за само половина час извршил уште две кривични дела. Како што соопшти Обвинителството, на 30 август од паркинг пред зграда на булеварот „3-та Македонска Бригада“ украл автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски таблички и почнал...

За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

Заради расчистување на вчерашното дивеење на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, близу Битпазар, полицијата повикала седум малолетници и тројца возрасни на разговор во полициската станица „Битпазар“. Како што соопштува МВР, во инцидентот во кој повреди добиле три лица, кои побарале лекарска помош во Ургентен центар и по интервенцијата биле пуштени на домашно лекување, учествувале голем број лица. Во полициска станица...

ОЈО за организиран криминал почнува со распит на граѓани за насилствата од 27 април

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во предистражната постапка што ја води за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, почнува да повикува граѓани на разговор заради добивање информации. Од Обвинителството велат дека бидејќи случајот е во предистражна постапка, нема да известува кој е повикан и во кое својство, а разговорите ќе се...

МВР со известувања до Обвинителството за насилници и за српскиот разузнавач

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека во изминативе неколку дена Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело шест известувања за истрагата околу насилствата на 27 април во Собранието на Република Македонија. Притоа, поднесена е кривична пријава заедно со известување против А.К., за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, при што по...

Уште две пријави за насилствата во Собранието, а двајца од УБК на испрашување во СВР-Скопје

Поднесени се две нови кривични пријави за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, до Основно јавно обвинителство Скопје се испратени уште три известувања, а во СВР Скопје е извршен разговор со двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за нив ќе биде подготвен поднесок, информира МВР за најновите активности од истрагата за сериозниот инцидент. Исто...

Уште три лица идентификувани за тепањето во Собранието, двајца ослободени, еден во притвор

Полицијата викендов разговарала со тројца осомничени учесници во насилствата во Собранието на 27 април, од кои едно лице што само се пријавило во полициска станица по враќање од странство е во притвор, а другите двајца се пуштени на слобода и за нив ќе има поднесоци. Според соопштението, по прегледувањето на видеозаписите, СВР Скопје ги повикало на разговор Д.С. (39) од Скопје...

МВР потврди: Внатрешната контрола суспендира петмина поради инцидентите во Собранието

Петмина вработени во МВР се привремено оддалечени од работните места, односно суспендирани, во врска со инцидентите во Собранието на 27 април, потврдија од МВР за „Мета“. Мерката е изречена од одделението за внатрешна контрола на МВР, а не од работната група формирана од министерот Агим Нухиу за расчистување на настаните во Собранието, нагласија од одделот за односи со јавноста на МВР. Сите...

Обвинителен предлог за девет насилници во Собранието, продолжени само два притвора

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје извести дека денеска поднело обвинителен предлог за девет лица - учесници во нередите во Собранието на Република Македонија. Осомничените се товарат дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, од член 384, став 1 од Кривичниот законик. За двајца од деветтемина, надлежен обвинител поднел предлог за продолжување на мерката притвор....

МВР идентификувало уште четири учесници во упадот во Собранието

СВР Скопје вчера повикало на службени разговори уште лица за кои имало сомневање дека биле вклучени во упадот и во дивеењата во Собранието на 27 април, од кои за четворица ќе поднесе известување до Основното јавно обвинителство - Скопје. Поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, СВР Скопје на јавното обвинителство ќе...

Хелсиншки во извештај за дивеењето во Собранието, бара акција од Обвинителството

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија подготви посебен извештај за дивеењето и за бруталното насилство во Собранието на Република Македонија на 27 април, со кој сака да ја информира прецизно јавноста за сите сторени кривични дела, меѓу кои и обиди за убиство. Истовремено, Хелсиншкиот комитет со извештајот од МВР и од Основното јавно обвинителство побара да биде поведена...

ОЈО: Притвор за едно лице, а мерки на претпазливост за двајца насилници

Обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) - Скопје до судија на претходна постапка поднел предлог за притвор за едно лице, а за мерки за претпазливост за две лица, осомничени за кривични дела при упадот и насилствата во Собранието во четвртокот, 27 април, соопшти вечерва ОЈО Скопје. За други две лица за кои МВР исто така доставило известување до ОЈО Скопје,...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...