fbpx
Таг: Белгија

таг: Белгија

Иванов во Брисел ќе се сретне со Туск

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов, кој се наоѓа во дводневна посета на Кралството Белгија, утре ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната...

Иванов во дводневна работна посета на Брисел

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од утре ќе претстојува во дводневна работна посета на Брисел, соопштија денеска од неговиот кабинет. Утре, како што информираат од кабинетот, Иванов ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. В четврток, македонскиот претседател ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено...

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Брисел

Милитантите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот со нож на војниците во Брисел, стои во соопштението кое преку сервисот „Телеграм“ го објави „Амак“, пропагандистичкиот орган на организацијата. Маж во петокот навечер со нож нападна војници во центарот на Брисел, пред да биде убиен, а белгиското обвинителство наведе дека нападот може да се смета за „терористички“. Белгиските војници веќе две...

Пукање и полициска потера по возило со експлозив во Брисел

Бриселската полиција пукала во возило во квартот Моленбек и повикала единица за деминирање откако возач им соопштил дека во автомобилот има експлозив. Белгиското федерално обвинителство и локалната полиција засега не се достапни за коментар. Локалните медиуми јавуваат дека полициската потера по возилото завршила откако возачот заглавил во сообраќајниот метеж во Брисел. Дел од медиумите јавуваат дека станува збор за возило со германски...

Со 240 километри на час, 79-годишна жена возела „порше“

Сообраќајни полицајци во Белгија биле многу изненадени кога констатирале дека зад воланот на автомобилот „порше бокстер ГТС“, за кого во 2 часот наутро на 18 јуни измериле дека се движел со брзина од 238 километри на час, седи 79-годишна жена. Кога нивни колеги подоцна ја сопреле, таа рекла дека немала поим дека вози толку брзо, а излегла да се вози...

Димитров до Рејндерс: На патот кон ЕУ и НАТО ни се потребни пријатели

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретна со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. На средбата било разговарано за билатералните односи и било заклучено дека постои простор за подинамична соработка меѓу двете земји. Министерот Димитров на средбата исто така го презентирал и планот „3-6-9“, чија имплементација ќе го подигне...

Апсења во Белгија и во Франција поради тероризам

Белгиското обвинителство соопшти дека четири лица се уапсени во Брисел, во рамки на истрагата против тероризам. Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата при претресот во куќите пронашла пушки „калашников“, панцири и муниција. Обвинителството наведе дека најновите апсења се дел од истрагата за терористичките напади во Париз, извршени во ноември 2015 година, кога се уапсени 130 лица, а во Брисел, четири месеци подоцна,...

Вториот напаѓач од Париз ѝ се предал на белгиската полиција

Осомничен за кој трагале француските власти по пукањето во Париз, ѝ се предал на белгиската полиција, соопшти портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи. Француските власти приведоа три члена од семејството на напаѓачот, кого синоќа го уби полицијата. - Мажот за кој белгиските власти распишаа потерница се предал во полициска станица во Антверп – изјави портпаролот на француското МВР, Пјер...

Полициска потера на автопат кај Брисел – повредени мигранти

Четиринаесет мигранти се повредени, од кои пет се во критична состојба, за време на полициската потера на автопат кај Брисел, соопшти белгиското обвинителство. Возачот, кој немал документи со себе, е задржан во притвор и ќе биде сослушан во текот на денот. Обвинителството наведе дека отворена е истрага за трговија со луѓе и за загрозување на сообраќајот. Полицијата ноќеска околу три часот забележала...

Уапсен маж кој со возило се обидел да прегази пешаци во Антверп

Белгиската полиција уапси маж кој со автомобил се обидел да влета во пешачка зона во Антверп, јавува „Би-би-си“. Портпаролот на полицијата рече дека возилото било со француски регистарски таблички и дека човекот со голема брзина возел кон Де Меир, главната трговска улица во Антверп. Според првичните информации, нема жртви. Според весникот „Дер Штандард“, мажот бил по потекло од Северна Африка, а локалните медиуми јавуваат...

Еден загинат и седум повредени при експлозија во станбена зграда во Брисел

Едно лице загинало, а седум биле повредени, од кои тројца тешко, во експлозија што вчера се случила во станбена зграда во Брисел, најверојатно поради истекување на плин, соопштило белгиското државно обвинителство, пренесува ХРТ. „Денеска (сабота) попладне, станарите на две згради беа жртви на експлозија, по која избувна пожар. Седум лица се пренесени во две болници. Тројца се тешко повредени, меѓу кои...

Белгиски политичар побара Бугарија, Романија, Полска и Унгарија да ја напуштат ЕУ

Премиерот на белгискиот автономен регион Валониа, Пол Мание, порача дека Полска, Унгарија, Романија и Бугарија треба да ја напуштат Европската Унија, а притоа за секоја од нив дури даде и посебно име за процесот на напуштање, пишува францускиот весник „Ле Монд“. Мание, кој важи за најголем евроскептик меѓу социјалистите, рече дека е пожелно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, односно Брексит,...

Седум лица приведени во рации во Брисел

Белгиската полиција привела седум лица во антитерористичките рации во областа на Брисел, во рамки на истрагата за можно враќање на борци од Сирија. Канцеларијата на сојузниот обвинител денеска соопшти дека приведувањата следеле по осумте рации изведени утринава и додаде дека истрагите не се поврзани со нападите во Брисел изведени во март 2016 година, ниту со нападите во Париз од ноември...

Уапсен маж кој држеше 15 заложници во супермаркет во Белгија

Вооружен маж држел 15 лица како заложници во супермаркет „Карфур“ во предградие во Белгија, соопшти полицијата. Локалните медиуми јавуваат дека заложничката драма почнала околу 19 часот попладне, откако напаѓачот не успеал во својот план да го ограби објектот. Очевидци на телевизијата ВРТ изјавија дека напаѓачот се заканувал со нож. Полициски единици веднаш пристигнале на местото на инцидентот и набргу успеале да го разоружаат...

Штрајкот на синдикатите ја парализираа Белгија

Штрајкот на синдикатите во Белгија, организиран поради владините мерки за штедење, создаде хаос во јавниот сообраќај во целата земја, затворени се фабриките, а нарушена е и работата на најголемиот аеродром. Белгискиот аеродром ги посоветува своите клиенти да патуваат само со рачен багаж, затоа што штрајкуваат работниците кои се задолжени за товарот. Белгискиот јавен превоз функционира со 75 отсто капацитет. Денешниот штрајк е...

Тројца полицајци избодени на железничка станица во Брисел

Железничката станица во Брисел денеска попладне е евакуирана откако три полицајци беа избодени. Тим пиротехничари ја пребарал станицата, но засега нема информација за експлозивни направи. Полициските службеници биле нападнати на контролен пункт на станицата. Истрагата е во тек.

Осомничениот за нападите во Париз и понатаму се брани со молчење пред судот

Салах Абдеслам (26), единствениот преживеан осомничен член на групата што ги изврши терористичките напади во Париз во ноември минатата година, денеска повторно беше изведен пред суд, но и третпат одби да одговара на прашањата на судијата, јавуваат светските агенции. „Тој го искористи своето право на молчење“, изјавил пред новинарите адвокатот на одбраната, Франк Бертон, додавајќи дека е оптимист во врска со...

Пет лица уапсени поради пожарот во институтот во Брисел

Пет лица се приведени и сослушани во врска со инцидентот во бриселскиот Институт за криминологија, соопшти белгиското обвинителство. Според последните информации, тврдењата за подметната бомба во институтот се лажни и најверојатно во прашање е криминално дело, а не терористички акт, соопштија од обвинителството во Брисел. - Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на сојузната полиција – соопшти портпаролот и...

Експлозија во Институтот за криминологија во Брисел

Бомба утринава експлодира во бриселскиот Институт за криминологија, јави белгиската телевизија РТЛ. Автомобил ја пробил оградата околу 3 часот наутро по локално време, а потоа напаѓачите ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата. За време на нападот, зградата на институтот била празна, поради што нема повредени лица од експлозијата, која предизвикала пожар.

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица во градот. Областа околу местото на нападот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...