вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Белгија | 137 резултати

Белгија: Мигрант со нож рани свештеник

1 август 2016

Бегалец со нож нападна свештеник во Ланакен, град во белгиската покраина Лимбург, јави радио-телевизијата „Ер-те-ел“. Телевизијата јавува дека мажот, кој засега не е идентификуван, вчера тропнал на вратата на 65-годишниот парох Жо Вандерле и го замолил да му дозволи да се истушира. Бегалецот му рекол дека планира да побара азил во Холандија. Излегувајќи од бањата, […]

Браќа уапсени во Белгија за подготвување напад

30 јули 2016

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека антитерористичката единица на полицијата уапсила две лица кои планирале напад во земјата. Како што јавуваат светските медиуми, станува збор за 33-годишниот Нуредин Х. и за неговиот брат Хамза Х.. Браќата денеска ќе бидат изведени пред суд, кој треба да одлучи дали ќе им се продолжи притворот по истекот на првобитните 24 […]

Лажна тревога во Брисел – не е пронајдена бомба

21 јуни 2016

Лицето што утринава беше уапсено во Брисел на себе носело лажен појас со експлозив, јавуваат белгиските медиуми, наведувајќи дека појасот бил полн со сол. Поради дојава за бомба, евакуиран беше трговскиот центар „Сити 2“, а блокирани беа околните улици и две метро-станици. Белгиското државно обвинителство потврди дека е уапсен маж, но оти кај него, ниту […]

Спречен терористички напад во Брисел

21 јуни 2016

Белгиската полиција спречи терористички напад, апсејќи лице кое на себе имало појас со експлозив, јавија белгиските медиуми. Бриселските власти информираа дека мажот е уапсен во центарот на Брисел, а полицијата поради дојава за поставена бомба претходно го евакуирала трговскиот центар „Сити 2“ и го блокирала целиот регион. За време на блокадата затворени беа сите булевари и метро-станицата […]

Во Белгија уапсени 12 лица, осомничени за тероризам

18 јуни 2016

Белгиската полиција синоќа уапсила 12 лица осомничени за тероризам во рации извршени во 40 домови во Белгија, соопшти канцеларијата на федералниот обвинител, додавајќи дека лицата се осомничени за подготвување напади. Во рамки на акцијата се приведени 40 лица, од кои 12 се здржани во притвор. Полициската акција е спроведена во 16 општини, од кои повеќето се […]

Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

27 април 2016

Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице. Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука […]

Белгиска министерка поднесе оставка поради безбедноста на аеродромот

15 април 2016

Министерката за сообраќај на Белгија, Жаклин Галан, денеска поднесе оставка откако во јавноста протече таен извештај на ЕУ во кој се наведуваат безбедносните пропусти на аеродромот, по терористичките напади во Брисел, во кои загинаа 32 лица. Премиерот Шарл Мишел денеска соопшти дека по разговорите со неа, „министерката му поднела оставка на кралот, а кралот ја […]

Извидници од Македонија и од Белгија се дружеа во Извидничкиот центар во Охрид

9 април 2016

Извидници од Белгија и од Македонија, изминатава седмица се дружеа во Извидничкиот центар во Охрид, во рамките на младинската размена – „Биди подготвен“ (Wees Paraat). Во младинската размена учествуваа 13 извидници од Белгија и 18 од Македонија, членови на скопските одреди „Брицо“, „Галеб“, „Илинден“, „Марково Крувче“, „Бони М“, Феникс“ од Прилеп и домаќините од Охрид. […]

Белгија ослободува осомничен за нападите во Париз

8 април 2016

Белгиското федерално обвинителство денеска објави дека ќе го ослободи лицето што од ноември се наоѓа во притвор поради поврзаност со нападите во Париз. Станува збор за Абделах Ц., кој ќе биде ослободен под строги услови, наведе обвинителството. Абделах Ц. придружувал еден од осомничените за нападите во Париз, Мохамед Абрини, на аеродромот, кога Абрини заминал да се […]

Отворен аеродромот во Брисел – 12 дена по терористичките напади

3 април 2016

Дванаесет дена по терористичките напади во Брисел повторно е отворен аеродром „Завентем“ во Брисел, од кој денеска е планирано да полетаат три патнички авиони, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „ХРТ“, патниците се повикуваат да дојдат три часа пред полетувањето поради строгите безбедносни мерки. Патниците мора да дојдат со автомобили бидејќи сè уште не е […]

Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз

2 април 2016

Главниот осомнилен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам одлучил да не го изврши самоубиствениот напад во Париз за да ги зачува животите на другите луѓе, изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам за француската телевизија БФМТВ. Тој ова го изјавил по разговорот со својот брат Салах во затворот во Белгија, каде првоосомничениот за нападите ја чека […]

Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти

31 март 2016

Осомничениот за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот адвокат Седрик Маоси. Тој потврди дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција. Абдеслам е во притвор во Бриж од 18 март, а со истражните власти нема разговарано од самоубиствените напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, извршени […]

Белгија би можела да одобри ноќни антитерористички акции

30 март 2016

Парламентарната комисија на долниот дом на белгискиот парламент одобри нацрт-закон кој и овозможува на полицијата да изведува контратерористички акции и специјални операции 24 часа дневно, а не само во одредени часови во текот на денот, јавуваат локалните медиуми. Според актуелниот закон, полиција не смее да врши претрес меѓу 21 и 5 часот. Нацрт-законот, исто така […]

Полицијата објави видео-снимка од третиот напаѓач во Брисел

28 март 2016

Белгиската полиција објави снимка од безбедносните камери во обид да го идентификува третиот напаѓач на аеродромот во Брисел, чија бомба не експлодирала и кој побегна од местото на нападот. Човекот, според снимката носел јакна со светла боја и шапка. Во меѓувреме, белгискиот Кризен центра објави дека бројот на жртвите на напаѓачите на аеродромот и метро-станицата е […]

Обвинети уште три лица за нападите во Брисел

28 март 2016

Уште три лица се обвинети за членство во терористичка група, додека четвртото е ослободено од притвор, соопшти денеска обвинителството во Брисел. Во соопштението на федералното обвинителство се објавени имињата на тројцата обвинети Јасин А., Мухамед Б и Абубакер О.. Во интерес на истрагата, обвинителството во моментов не открива повеќе информации. Белгискиот министер за здравство денеска […]

Кери и порача на Европа итно да ги спречи нападите

28 март 2016

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека Европа се соочува со итна ситуација и оти мора да ги спречи новите напади на екстремистите. Кери рече дека последните напади во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а повредени се 340, покажуваат дека Исламска држава претставува сериозна закана и за земјите кои не се зафатени со војна. […]

Протести на десничарите во Брисел

27 март 2016

Група екстремни десничари денеска се собра на главниот плоштад во Брисел, каде граѓаните им оддаваат почит на жртвите на терористичкиот напад во белгиската престолнина. На бриселскиот плоштад дошле и мажи во црна облека и качунки, кои извикувале слогани и носеле транспаренти против Исламска држава. Како што јавува „Би-би-си“, на плоштадот се присутни и полициските сили […]

Уапсени уште четири лица по нападите во Брисел

27 март 2016

Четири лица се уапсени за време на 13 рации на белгиската полицијата во Брисел и во уште два града, соопшти денеска белгиското федерално обвинителство. Во соопштението на обвинителството се наведува дека досега, во рамки на истрагата по бомбашките напади во Брисел, приведени се девет лица на испитување. Обвинителството денеска подигна обвинение за учество во активности […]

Обвинет терорист кој држел жена и дете како заложници во Брисел

27 март 2016

Белгиското обвинителство подигна обвинение за учество во активности на терористичка организација против Абдераман А., кој во средата беше уапсен во бриселскиот кварт Шарбек, јавуваат белгиските медиуми. Уапсениот, во моментот на апсење држел заложници, жена и дете, кои ги затекнал на станица од градскиот превоз. Тој е втор човек кој е поврзан со неуспешниот напад што […]

Уапсен третиот осомничен за нападот на аеродромот во Брисел

26 март 2016

Идентификувано е третото лице кое е снимено на безбедносните камери на аеродромот во Брисел, заедно со двајцата бомбаши-самоубијци. Како што јавуваат белгиските медиуми, станува збор за независниот новинар Фејсал Шефу. Канцеларијата на Федералното обвинителство на Белгија засега не ги коментира информациите. Во соопштението се наведува дека лицето е идентификувано како „Фејсал Ш. и е еден […]

Страна 3 од 7