fbpx
Таг: аптеки

таг: аптеки

ИНОВАЦИЈА: Млади направија апликација за пребарување на најблиската аптека со најевтин лек

Симеон Маркоски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски од старт-ап организацијата „Startier“ се тројцата млади таленти кои ја изработија апликацијата „Најди Аптека“, преку која граѓаните можат едноставно и брзо да дојдат до информација за цената на лековите и медицинските производи во аптеките, како и за најблиската аптека до нив. Мета.мк разговараше со двајца од тричлениот тим - Симеон и Ева...

Мапирање на аптеки и споредување на цени со новата апликација www.najdiapteka.mk

Апликација што нуди мапа на која се лоцираат аптеки и здравствени установи и споделува податоци за нив е победничкото решение од тимот на стартап компанијата „Startier“, којшто победи на третиот хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата Метаморфозис. Во описот за апликацијата „Најди аптека“, која што воедно има и своја веб-верзија, достапна за користење на  www.najdiapteka.mk, стои дека корисникот...

На третиот Хакатон за отворени податоци победи решение што ги мапира здравствените установи

На третиот Хакатон за отворени податоци што го организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ победи тимот Data Grabbers, со решение што ќе овозможи мапирање на сите фармацевтски продавници и здравствени установи во земјата, како и споредба на цените на производите во различни аптеки. Победничкиот тим доби парична награда од 3.000 евра. Хакатонот за отворени податоци се организираше во рамките на...

Филипче: Од почетокот на октомври, лекови на рецепт насекаде и цел месец

Целосно ќе се укинат квотите за лекови на рецепт од 1 октомври низ целата земја, исто како што од почетокот на август ги укинавме квотите во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, потсети вчера министерот за здравство Венко Филипче. „Придобивка од ова решение е надминување на проблемот со недостатокот на лекови, да бидат подостапни за пациентите. Ова е...

Во Охрид и Струга нема аптека со 24-часовно работно време и дежурни матични лекари

Во Охрид и Струга каде што нема аптека со 24-часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување спроведуваат дежурства на повик или состојба на готовност. Граѓаните реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се приморани да чекаат до наредниот ден. Тие велат дека и туристите имаат потреба аптеките...

ФЗОМ ќе ги зголеми квотите на лекови во аптеките за овој месец

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одлучи да ги зголеми квотите на лекови за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптеките, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој додаде дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има...

Владата ќе го раскинува договорот за Казандол оти рудникот не е подготвен за производство

Работната група формирана од Владата за рудникот Казандол, утврдила низа неправилности на терен, а правната основа за раскинување на договорот ќе се знае по седум дена откако Министерството за економија треба да ги потврди овие наоди, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на редовната прес-конференција. - Полињата за наводнување, оросување не се оформени, од системот за лужење не е...

Притворен разбојник што ограбил девет аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против против едно лице кое се товари дека извршило девет разбојништва во исто толку аптеки во Скопје. Како што соопшти денеска обвинителството, осомничениот, кој е на 44-годишна возраст, разбојништвата ги извршил во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол кон вработените во аптеките, од кои однел извесна сума пари. Судот...

Пациентите два месеци се без лекот „синтром 4“ и ќе треба да се стрпат до февруари

Повеќе од два месеци, пациенти од Македонија што го користат лекот „синтром 4“ од канадската компанија „Мерус лабс“ не можат да го набават поради тоа што не е увезен. Според последните информации, лекот ќе го нема до наредната година, а оптимистичките прогнози велат дека треба да се појави во февруари. – Со денови одам по аптеки и барам „синтром 4“. Имам тромбоза...

Нема лекови на рецепт во аптеките, пациентите протестираат – и плаќаат

Нема лекови на рецет во аптеките, реагираат Скопјани, тврдејќи дека со денови бараат лекови, но не можат да ги набават освен ако не ги купат „приватно“. Како што велат тие за „Мета“, станува збор за антибиотици и за лекови за луѓе болни од рак, кои никаде низ Скопје ги нема на рецепт. Од аптеките низ градот тврдат дека тие работат со квоти...

Пациентите два месеци оставени без лекот „синтром 4“

Веќе два месеци пациентите од Македонија што го користат лекот „синтром 4“ од швајцарската компанија „Новартис“ не можат да го набават поради тоа што нема увоз. Тие се жалат дека во ниту една аптека го нема, а им е неопходен и многу потребен за нивното здравје. - Со денови одам по аптеки и го барам лекот „синтром 4“. Имам тромбоза и го пијам...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...