fbpx
Таг: Русија

таг: Русија

Руската шафета постави нов светски рекорд

Машката штафета на Русија во дисциплината 4x50 метри мешовит стил, постави нов светски рекорд во малите базени на Светското првенство во Доха. Делницата што во квалификациите ја исплива во слободен стил Евгениј Седов, во време од 20,62 секунди, ѝ донесе на Русија нов светски рекорд од 1:32.78 минути, што е за 87 стотинки подобрување во споредба со претходниот. Покрај Седов, во штафетата...

Путин: Западот сака да го спроведе „југословенското сценарио“ во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги предупреди Русите дека доаѓаат тешки времиња и побара поголема поддршка од народот. Во обраќањето пред двата дома во Кремљ, Путин го обвини Западот дека се обидува да постави нова „железна завеса“ околу Русија. Русија претрпе силен економски удар поради падот на цената на нафтата и санкциите што Западот ги воведе поради улогата на официјална Москва во...

(ВИДЕО) Десет загинати во антитерористичка операција во Чеченија

Најмалку десет полицајци вчеравечер загинаа, а 28 се повредени за време на антитерористичката операција во чеченскиот град Грозни, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет. - Во рамки на антитерористичката операција, загинаа 10 локални полицајци, а 28 се повредени. Тие ја покажаа својата храброст, нивната цивилна и воена одговорност - се вели во соопштението на комитетот и се додава дека во тек е истрага за...

Путин: Западот применува јазик на сила бидејќи се плаши од Русија

Санкциите што Западот ги наметна кон Русија, како и намалувањето на цената на нафтата која ја намали вредноста на руската рубља, се направени за да се запре растечкиот потенцијал на Русија, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање пред Федералното собрание. - Секојпат кога ќе видат дека Русија станува премногу силна, тие ги користат овие инструменти. Бесполезно е да се...

Русија забрани увоз на живина од САД

Американската живина од утре нема да може да се увезува во Русија, соопшти денеска Руската земјоделска служба за контрола. Како што јавуваат руските медиуми, привремените рестрикции за американската живина и за преработки од месо не се последица на заладените руско-американски односи, туку на „штетните материи што се откриени во американските производи од месо од живина, како што е тетрациклинот.

Убиен директорот на „Кока-кола“ во Русија

Руската полиција денеска уапси две лица кои се осомничени за убиството на директорот на „Кока-кола“ во Санкт Петербург, кој исчезна минатата недела. Директорот Дмитриј Сошников исчезна во петокот и оттогаш е отворена истрага, а истражувачите денеска соопштија дека е пронајдено неговото тело и дека се уапсени две лица. Уапсените мажи закажале состанок со Сошников во мирниот дел на градот, а потоа...

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

По новонастанатата ситуација со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, на кој требаше да се приклучи и гасоводниот систем во Македонија, експертите се со поделени мислења. Според едни, Македонија има доволно гас за наредните пет-шест години, а алтернативи за понатаму постојат, додека според други, станува збор за проблем за кој Владата треба посериозно да размислува. - Македонија нема да има никакви...

САД и ЕУ размислуваат за проширување на санкциите за Русија

Американскиот државен секретар Џон Кери неделава ќе се сретне со европските сојузници за да разговара за можното проширување на санкциите кон Русија, јавува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Ројтерс“. Новите санкции ќе се воведат доколку „промосковските сепаратисти во Украина не запрат со насилството“, соопшти висок неименуван претставник на Стејт департментот. - Продолжуваат разговорите со ЕУ за понатамошното проширување на санкциите...

Путин пристигна во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција. Тој, со својот колега Реџеп Таип Ердоган, ќе разговара за конфликтот во Сирија и во Украина. Исто така, се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

Руски конвој тргна кон Украина

Уште еден конвој со хуманитарна помош за граѓаните од Источна Украина тргна од Ногинск, соопшти претставник на руското Министерство за итни случаи. Околу 60 камиони, утринава тргнаа од московскиот регион, носејќи конзервирана храна, шеќер, стакло и материјали за поправка на покривите, соопшто заменик-шефот на Националниот ценар за управување со кризни ситуации Олег Воронов. Рускиот заменик министер за итни ситуации Владимир Степанов...

Интерпол трага по „банкарот на Путин“

Интерпол покрена потера по Сергеј Пугачев, своевремено познат како „банкарот на Путин“. На официјалната веб-страница на Интерпол стои дека Пугачев „го бараат правосудните власти во Русија поради кривична постапка“. Интерпол, исто така, апелира сите што знаат каде се наоѓа, да контактираат со агенцијата, но никаде експлицитно не бараат негово апсење. Руските власти го обвинија Пугачев за кражба на државни пари, кои за време...

Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

Заменик-шефот на левицата, Сара Вагенкнехт, во Бундестагот остро ја ритикуваше канцеларката Ангела Меркел, префрлувајќи ѝ дека е одговорна за „новата студена војна“ со Русија. - Вие предупредувате на пожар, но вие, сепак, припаѓате на оние кои наоколу трчаат со запалено кибритче“ - рече Вагенкнехт, критикувајќи ја владејачката коалиција. Вагенкнехт ја обвини Меркел дека со санкциите против Русија предизвикала „бесмислена економска војна“ и побара запирање...

Русија се сомнева дека ЕУ извезува преку БиХ

Русија го истражува обидот за шверцување европско овошје и зеленчук преку Босна и Херцеговина со цел да го избегне ембаргото на Москва за увоз на храна од Европската унија, пренесува „Б92“, повикувајќи се новинската агенција „Франс прес“. Според документите на „Франс прес“, БиХ, на која не се однесува ембаргото, бележи цут на извозот на храна во август, кога стапија...

Русија ќе бара и отпечатоци од прсти за влез во земјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој сите лица што со виза ќе патуваат во Русија, ќе мора да дадат и отпечатоци од прсти. Предлогот за воведување задолжително земање отпечатоци од прсти го даде Министерството за надворешни работи на Русија, како одговор на планираните мерки на Брисел од 2015 година да се земаат отпечатоци од прсти на Русите...

Оланд одлучи: „Мистрал“ останува да чека

Францускиот претседател Франсоа Оланд одлучи на неопределено да ја одложи испораката на воениот брод „мистрал“ на Русија. Во соопштението од кабинетот на Оланд стои дека претседателот смета дека „сегашната ситуација на истокот на Украина уште не дозволува испорака на првиот воен брод на Русија. „Тој одлучи на неодредено да ја одложи одлуката за одобрување на дозволата за извоз, која е неопходна...

Руската економија може да загуби 140 милијарди долари

Најмалку 40 милијарди долари може да загуби руската економија поради геополитичките санкции. Од  90, пак, до 100 милијарди долари може да изгуби поради падот на цената на нафтата, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов. Причината за намалување на цената на нафтата е зголемувањето на производството во Саудиска Арабија, Либија и во Ирак, незаконска продажба по ниски цени која ја...

Пушков: ЕУ ја уценува Србија

Европска Унија, уценувајќи ја Србија, сака да постигне и таа да се приклучи кон санкциите против Русија, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Думата, Алексеј Пушков. - ЕУ сака да постигне и Србија, која не е членка на ЕУ, да се приклучи кон санкциите. Србија ја уценуваат: „Србија или ќе се вклучи кон санкциите против Русија или нема...

Руската инфлација ги проби сите проекции

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, смета дека инфлацијата во земјата, на годишно ниво, во јануари ќе достигне двоцифрена стапка, пренесе „Финмаркет.ру“. Како што соопшти Силуанов, годишната инфлација на 10 ноември изнесувала 8,6 отсто. Министерот за економски развој, Алексеј Уљукаев, во понеделникот соопшти дека инфлацијата за 2014 година може да биде девет отсто, а на крај на првото тримесечје во 2015...

ЕУ не бара Србија да воведе санкции против Русија

Европскиот комесар за претпристапни преговори, Јоханес Хан, денеска, во Брисел, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, потврди за јавноста дека Европската комисија не побарала од Белрад да наметне санкции против Русија, како што тоа го сторија земјите-членки на ЕУ, ниту, пак, гo поврзува отворањето преговори за членство на Србија со такво барање. Дачиќ, пак, додаде...

ЕУ ја проширува црната листа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија се согласија да го прошират списокот на украински и на руски функционери на кои им е забранет престојот и работењето во ЕУ. Шефовите на дипломатијата ја повикаа Москва да престане да дава воена и дипломатска помош на проруските сили во Украина. „По согледувањето на ситуацијата на теренот, Советот побара од Европската служба...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...