fbpx

Руската инфлација ги проби сите проекции

-

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, смета дека инфлацијата во земјата, на годишно ниво, во јануари ќе достигне двоцифрена стапка, пренесе „Финмаркет.ру“.
Како што соопшти Силуанов, годишната инфлација на 10 ноември изнесувала 8,6 отсто.

Министерот за економски развој, Алексеј Уљукаев, во понеделникот соопшти дека инфлацијата за 2014 година може да биде девет отсто, а на крај на првото тримесечје во 2015 година ќе достигне 10 отсто на годишно ниво.

Уљукаев потсети дека падот на рубљата во споредба со основните валути изнесуваше од 30 до 40 отсто, а падот од еден процент предизвикува инфлација од 0,1 отстотен поен за шест до девет месеци. На тој начин, тековната девалвација на рубљата, според него, ќе ја подигне инфлацијата за 3,5 отстотни поени, а главниот ефект може да биде видлив на крајот на тримесечјето.

Централната банка минатата недела ја ревидираше прогнозата за инфлацијата за оваа година на 8,2 до 8,4 отсто од претходно проектираните 7,5 отсто.

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course
download huawei firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=